Ангеловска: Бројките и резултатите покажуваат дека годината е економска

Од:

Бројките и резултатите годинава покажуваат дека таа е економска. Тоа, како што оценува министерката за финансии Нина Ангеловска, го покажува растот на БДП, вработеноста, индустријата, градежништвото, потрошувачката, а има раст и кај странските директни инвестиции.

– Оваа година беше промовирана за економска година и за тоа говорат бројките и резултатите кои покажува дека оваа година навистина е економска година. Ако ги гледате бројките за растот на БДП тој е проектиран на 3,5 проценти, а во првите два квартала веќе изнесува 3,6 отсто, а сега ги очекуваме и за третиот квартал и ако ги погледнеме сите параметри дека се работи за широко базиран раст, дека расте вработеноста, расте индустријата, градежништвото, потрошувачката се работи за бројки што укажуваат дека може да се каже дека ова е економска година. Ако ги гледаме и разговараме реално бројките може кој било да види и да каже дали некаде гледа дека има сомневање дека ова не било економска година и дека не ги достигнува поставените индиктори, изјави министерката Ангеловска

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со нивото на рализирани странски инвестиции во деветте месеци од годинава, таа рече дека доколку се земат осумте квартали од јули до јули откако е оваа Влада, во споредба со претходните квартали се забележува дека се работи за раст и на странските директни инвестиции.

Ангеловска потенцира дека е важно да се согледа и сопственичката структура на капиталот, да се има предвид дека се работи за трансакции што имаат одливи и приливи кон други земји, а не, како што истакна, едноставно да се гледа само бројката во еден одреден момент и затоа треба една посеопфатна слика, а ќе дојде крајот на годината и ќе може да разговараме и да ги оцениме точно бројките.

Би можело да ве интересира

Ангеловска: За два месеци 203.605 прегледи на Отворени финансии, транспарентноста останува наш приоритет

Ана Ололовска

Поддршка од Холандија за градење на човечкиот капитал во Министерството за финансии

Ана Ололовска

Со грант од ЕУ набавена современа опрема за Царинската лабораторија

Ана Ололовска

Елези: Со помош на Светска банка ќе се модернизира земјоделството и административните услуги на социјалното осигурување

Ана Ололовска

Ангеловска на Emerging market winter conference: Со акциски план и конкретни мерки до подобри резултати за сузбивање сива економија

Ана Ололовска

ССК: МФ потврди, засега се дозволува системски неконтролирана е-трговија

Ана Ололовска