Ангеловска-Бежоска: Соработката меѓу Народната банка и ММФ на високо ниво

Од:

Народната банка постигна значајни резултати во унапредувањето на своето работење со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со спроведувањето низа проекти поддржани од ММФ, монетарната политика на земјата достигна ниво што е високо оценето од страна на меѓународните институции. Очигледно е дека соработката меѓу Народната банка и ММФ е успешна.

Ова, соопшти Народната банка, се дел од пораките од средбата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, со заменик-директорот на ММФ, Тао Жанг, што се одржа во Скопје. На средбата учествуваше и вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле.

На состанокот, акцентот е ставен на Заклучокот на тимот на ММФ, што неодамна престојуваше во нашата земја заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. Како што е истакнато, оцените дека монетарната политика е соодветна и дека банкарскиот систем е здрав, добро капитализиран и ликвиден се и конкретна потврда на успешното остварување на целите на Народната банка. Притоа, уште еднаш е нагласено дека Народната банка соодветно ги искористи поволните услови за зголемување на девизните резерви. При проследувањето на состојбите во банкарскиот систем, одделно беше посочено дека тековните активности за негово окрупнување ќе придонесат за негово натамошно консолидирање и за подобрување на неговата ефикасност.

Од Народната банка наведуваат дека внимание ѝ се посвети и на потребата за дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност, што според согледбите на ММФ и натаму е приоритет. Притоа е истакната оцената дека е мошне важно и позитивно што редовно се одвиваат активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка и што се подготвува и регулатива со која ќе се зајакне макропрудентниот мандат на Народната банка и ќе се овозможи подобро утврдување на системските ризици во банкарскиот систем.

Во вториот дел на состанокот, е разговарано и за натамошното унапредување на соработката на Народната банка и Министерството за финансии со ММФ. Притоа, како што стои во соопштението, Тао, Ебле и Ангеловска-Бежоска разговараа и за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење, за што веќе се водеа разговори и на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

НБРМ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели