Ангеловска-Бежоска на Kонференција на белгиската централна банка: Постои висок степен на усогласеност на домашната регулатива за работењето на НБ со европската

Од:

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше и имаше излагање на Конференција на високо ниво на централната банка на Белгија, каде што свои излагања имаа и европскиот комесар за правда, Дидje Рејндерс, претставникот на ММФ, Вaутер Босу и гувернерите на централните банки на Хрватска и Молдавија. На Конференцијата, како што соопштија од НБРСМ, се разгледуваа теми поврзани со примената на правото, со посебно внимание на правото во централнобанкарското работење, во Европската Унија и во земјите кандидатки за членство во Унијата.

Во своето излагање, Ангеловска-Бежоска истакна дека согласно со редовните оцени од страна на Европската комисија, законската рамка во однос на поставеноста и функциите на Народната банка е оценета позитивно и оваа рамка овозможува независност во работењето на централната банка, што е клучен предуслов за кредибилитетот на работењето и постигнувањето на основната законска цел, одржување на ценовната стабилност.

–Важноста на одржувањето на независноста на централните банки уште повеќе се истакна во периодот по глобалната економска криза, кога покрај традиционалниот мандат – ценовната стабилност, централните банки добија повеќе нови надлежности и започнаа да користат повеќе нови инструменти коишто имаат посилни редистрибуциски ефекти во економијата. Во такви околности, исто така, потребно е постојано да јакне транспарентноста и отчетноста во нивното работење, истакна гувернерката.

Зборувајќи во поширок контекст на примената на правото во домашната економија, Ангеловска-Бежоска нагласи дека институционалните фактори, вклучително и правниот систем се значајни детерминанти за странските инвестиции, коишто се особено значаен двигател на растот на малите и отворени економии, како што е македонската.

Спорд НБРСМ, со учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на овој настан во организација на централната банка на Белгија се потврдуваат заложбите на Народната банка за постојано следење на трендовите во централнобанкарската заедница, навремено воведување на меѓународните стандарди и придонес кон евроинтеграциските процеси како залог за создавање услови за повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска на Форумот на „Еуромани“: Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки

Ана Ололовска

НБ: На 1 февруари завршува рокот за пријавување на научните трудови за Годишната награда на Народната банка

Ана Ололовска

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички, зголемен раст во третиот квартал од 2021

Ана Ололовска

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за третиот квартал од 2021 година

Ана Ололовска

Просечната каматна стапка во ноември 4,42 отсто

Ана Ололовска

НБ: Во ноември депозитите поголеми за 8,1, а кредитирањето за 7,7 отсто

Ана Ололовска