Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција

Од:

Гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, денес, во седиштето на Советот на Европската Унија во Брисел учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција. Овој настан секоја година се одржува во рамки на разгледувањето на Програмата за економски реформи на земјите кандидатки за членство во ЕУ. Тој претставува завршен состанок за годишно оценување на макроекономските политики и структурните приоритети, на кој од една страна учествуваат претставниците на земјите членки на ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка, а од друга страна претставниците од централните банки и надлежните министерства од земјите на Западен Балкан и Турција.

На годинешниот Дијалог ќе бидат презентирани оцените на земјите за исполнувањето на насоките на ЕУ дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи. Се очекува учесниците на настанот да ги усвојат заедничките заклучоци од годинешниот циклус на разгледување на Програмата.

Предвидено е во рамки на настанот да се одржи и тематска дискусија за структурните реформи коишто ќе ги спроведуваат земјите кандидатки за членство во ЕУ, со цел привлекување повеќе странски директни инвестиции и зацврстување на своите економии. Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе има свое обраќање и активно ќе учествува во дискусијата, осврнувајќи се на придонесот на централната банка во овој домен кај нас, како преку одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, така и преку вклученоста во реформите во финансиската сфера.

Во Брисел таа ќе оствари и одделни средби со повеќе свои колеги од Европа, со цел јакнење на меѓународната соработка на Народната банка.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

НБРМ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски