Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе биде стабилен

Од:

Гувернерката нагласи и дека во текот на секоја криза, заради шпекулации, се отвора прашањето за стабилноста на денарот, но дека од тоа сите имаме штета, пред сѐ граѓаните коишто непотребно би се изложиле на трошоци за конверзија на денари во странска валута. Такви шпекулации имаше и во текот на оваа криза, но наспроти тоа, и податоците за актуелниот период и проекциите за следните години упатуваат на високо и соодветно ниво на девизните резерви, што е гаранција за стабилноста на домашната валута.

-Во 2008 и 2009 година кога се соочивме со глобалната финансиска криза, тогаш нивото на девизните резерви беше речиси половина од тоа што денеска го имаме. Самото по себе покажува дека капацитетот на државата за справување со какви било шокови, вклучително и шпекулации со кои се соочуваме вообичаено во одредени кризни ситуации е огромен за да се справи со вакви предизвици. Девизните резерви се на ниво од околу 3,6 милијарди евра, коешто е повеќе од двојно повисоко од она што го имавме во 2008 година кога тие изнесуваа околу 1,5 милијарди евра. Споредено како процент од бруто домашниот производ, тогаш изнесуваа околу 23проценти од БДП, а сега се одржуваат на нивото од 30 проценти, истакна Ангеловска-Бежоска.

Таа потсети дека на Народната банка на располагање ѝ се и дополнителни механизми од страна на Европската централна банка – репо-линијата или едноставно кажано, пристапот до девизна ликвидност, доколку имаме потреба од тоа.

-Првпат, оваа репо-линија ни беше обезбедена минатата година. Тоа беше на иницијатива на нашата централна банка, којашто беше поддржана од страна и на другите земји во Западен Балкан и заедно настапивме со барање кон Европската централна банка и навистина се направи голем исчекор во таа насока, токму за поддршка на девизните резерви и на стабилноста на домашната валута. Ние досега немаме користено средства од оваа репо-линија, што е и дополнителна потврда за соодветното и комфорно ниво на девизните резерви, посочи гувернерката.

Во однос на најновите макроекономски проекции на Народната банка, во емисијата се разговараше и за проекцијата за инфлацијата, како и за проекцијата за економскиот раст. Гувернерката повтори дека Народната банка очекува дека инфлацијата ќе остане во умерени рамки, што е во согласност и со очекувањата на Меѓународниот монетарен фонд – веќе следната година инфлацијата би забавила, а потоа би се свела на историскиот просек од околу два отсто.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Домашната инфлација и натаму се намалува, но треба да се продолжи со претпазливи политики

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Носителите на политиките може да ги ублажат последиците од миграциите

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски

„Денарот го славиме!“ – 31 година монетарна самостојност

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

Орце Костов