Ангел Димитров: Недела неработен ден, добар компромис меѓу синдикатите, Владата и работодавачите

Од:

Законското решение недела да биде неработен ден што вчера Владата го усвои на седница е добар компромис, кој е постигнат преку дијалог на социјалните партнери синдикатите, државата и работодавачите. Ова е компромис кој во моментов на развој на државата е добар, оцени денеска досегашниот претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

– Во старт тоа не беше исплатливо за нас, но врз основа на дискусиите и со синдикатите и со Владата ова беше постигнатиот компромис. Мој личен, но и став на ОРМ е дека тоа е добар компромис. На оној што инвестирал 20-30 милиони евра во нов мол да му се забрани да работи во недела не е во ред, ама во ред е тој што ќе работи во недела да добие двојна дневница и на државата да и плати надомест за развој на инфраструктура, детски градинки… Ова е компромис кој во моментов на развој на државата е добар. Може кога ќе имаме стандард девет-десет илјади долари по жител и тие нема да работат во недела. Но, во овој момент Македонија не смее да си дозволи македонски граѓани да одат во Бугарија или Србија и да трошат девизи, а наиште молови да бидат затворени, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање дали на работодавачите е прифаливо ако работат во недела да издвојуваат од приходот што го остваруваат.

Тој појасни дека работата на моловите и другите тровски субјекти се регулира со Законот за трговија, што е под надлежност на Министерството за економија. Во Законот за работни односи пак, се наведени сите дејности кои заради технолошкиот карактер на компанијата, или пак витални дејности како полиција, војска, здравство… мора да работат во недела. За тие вработени ќе има 50 отосто поголема дневница и ќе користат слободен ден во текот на наредната недела.

Во врска со ребалансот на Буџетот, Димитров истакна дека е добар и оти само со државен интервенционизам може да се постигне поголем развој на економијата.

– Јас сум поддржувач на државен интервенционизам. Македонија на овој степен на развој како што е сега мора да има таков интервенционизам за поттикнување на економскиот раст. Тоа во историјата го правеле и најлибералните економии. Државата треба да помогне на сметка на зголемување на вкупниот долг со инвестиции во инфраструктурата, гасната инфраструктура, брани за наводнување…, кои ќе дадат зголемување на економскиот развој, раст на комапниите и бизнисот. Вкупниот долг ќе се намали и треба да се намали со раст на БДП, а не со неинвестирање бидејќи ние сме на ниско рамниште на развој, немаме доволно капитал и домашно штедење. Се уште ни е ниска преприемачката култура и без поддршка на државата тоа не може да го направиме, рече Димитров.

Во врска со одлуката јавната администрација да добие к-15 тој вели оти смета дека тоа е исправно. Не е фер, нагласува Димитров, К-15 да биде задолжителен за приватниот сектор, а не за јавниот, па вработените на некој начин да бидат спречени да го уживаат истите права, како оние во приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

ССМ: Пратениците да претстанат со политичките игри и да ги донесат измените за недела неработен ден

Арсова: ВМРО-ДПМНЕ против работниците, против граѓаните, упорно ги кочи измените за недела неработен ден

МТСП: Пратениците од опозицијата да не го блокираат законското решение за недела – ден на неделен одмор, работниците го очекуваат ова право

Ана Ололовска

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

А1он

Хоџа: Пратениците да дадат поддршка за измените со кои недела ќе биде неработен ден

Ана Ололовска

Расправата по новиот закон за работни односи продолжува по одморите, во собраниска процедура ќе се најде наесен

Ана Ололовска