Анализа: Заострени услови за кредитирање за фирмите и за граѓаните – каматите растат

Од:

Заострената монетарната политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија што е еден од факторите за заострување и на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб. Зголемените камати но и провизии ја забавија побарувачката за кредити од страна на домаќинствата.

Кредитирање на фирми…

Компаниите во банките по основ на кредити се задолжени со 3,2 милијарди евра, сума која постојано расте и на месечно и на годишно ниво. Во октомври кредитната задолженост на фирмите на месечно ниво се зголемила за 1% додека на годишно за 12, 9%.

Скоро 70% од кредитите се денарски а останатите 30% во странска валута. Банкарите во последната Анекта на Народната банка оценуваат дека побарувачката за кредити од страна на фирмите се зголемена но дека условите за кредитирање се заострени поради повеќе причини а една од нив е и растот на каматите како последица на затегнатата монетарна политика.

„Банките укажуваат дека каматната стапка, барањата за обезбедување и некаматните приходи предизвикуваат нето-заострување на кредитните услови, посилно во споредба со претходната анкета“ – се наведува во Анкетата. Поголема побарувачка з акредити има од страна на малите и среди фирми и тоа во најголем дел за краткорочни ркедити додека кај голмите фирми побарувачката е насочена кон долгорочни кредити.

Кредити за граѓани…

Се зголемува и кредитната задолженост на граѓаните, на крајот од октомври домаќинствата во банките должеле 3,2 милијарди евра. На годишно ниво растот изнесува 7,5% додека на месечно 0,5% што покажува тренд на забавување на кредитната изложенст на граѓаните. Сепак од почетокт на годинава до крајот на октомври кредитната задолженост на домаќинствата е зголемена за скоро 209 милиони евра.

Граѓаните најмногу должат по основ на потрошувачки кредити, износ од 1,8 милијарди евра и за станбени кредити износ од 1,2 милијарди евра. По подолг период на олеснети услови за кредитирање, по одлуката на НБМ за затегнување на монетраната политика и банките ги заострија условите за кредитирање на населението и очекуваат овој тренд да продоложи до крајот на оваа банкарска година – пред се преку повисоки камати но и провизии. Дел од банките веќе соопштија дека ги зголемуваат провизиите.

“За четвртиот квартал од 2022 година, банките очекуваат изразено нето – заострување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата. кај каматната стапка и на станбените кредити и на потрошувачките кредити се забележува заострување, за разлика од подолгиот период на нето-олеснување. Исто така, провизиите (кај станбените кредити) укажуваат на умерено нето-заострување“ – се наведува во Анкетата на НБМ.

Раст на каматите…

По зголемување на каматите забележано е намалување на побарувачката на кредити – тренд кој банкарите очекуваат да продолжи и во ова последно тромесечје од годинава.

„Во четвртиот квартал од 2022 година, банките очекуваат натамошно нето-намалување на побарувачката на кредити од страна на домаќинствата“ – соопштува Народната банка.

Каматите на вкупните новоодобрени кредити се зголемија на 4,44%, за фирмите достигнаа 4,36% што е највисока стапка од октомври 2021 година. На каматите за кредитите за домаќинствата во октомври во однос на септември има мало намалување, со што каматната стапка на новоодобрените кредити беше на ниво од 4,58%.

Токму во октомври годинава е регистрирана и највисоката преосечна камата на вкупните кредити во однос на изминатата година (од октомври 2021) која достигна 4,40% На крајот на октомври вкупната кредитна задолженост и на граѓаните и на фирмите изнесува 6 734 000 000 евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска