АНАЛИЗА: Занаетчиите се борат за опстанок, Владата ќе ги менува излозите?

Од:

Додека Владата го крои планот за унфицирање на изгледот на старите скопски чаршии, во кои главно се сместени занаетчиите, на терен, според еснафските здруженија, занаетчиството се бори за опстанок. Годинава се променети условите за аплицирање за државна помош за занаетите, тука се обврските за изработување на елеборати, фисклаизацијата и серија на други давачки, кои според еснафите ја отежнуваат состојбата.

Во мај, според Владата ќе се знае дизјанот на новите излози во старата Скопска чаршија. Според занаетчиите и за еснафските здруженија, целта на оваа  одлука е нејасна и отвора многу дилеми.

Ќе менува ликот на старите чаршии – зошто?

Ако навистина сака да им помогне на занаетчиите, Владата не треба да го менува изгледот на чаршиите, туку да размисли за висината на давачките и обврските што ги имаат кон државата, сметаат занаетчиите. Најголемиот број на еснафи се наоѓаат во Скопје, ги има околу 1 200 а по нив, колку 400 се во Битола.

„Од први јануари годинава, занаетчиите што имаа приходи поголеми од еден милион денари имаат обврска да стават фискални каси. Претходно ова се однесуваше на приходи над два милиони денари. Од друга страна се поголем број на занаетчии ставаат клуч на врата бидејќи не може да се опстане“, вели за „Порталб“ занаетчија од Битола.

Друг занаетчија од Скопје посочува дека од година во година обврските кон државата се се поголеми, а доколку не се исполната, следуваат казни.

„Ние како дуќанџии целосно сме финанасиски исцрпени. Имаме обврска да правиме елборати, да воведуваме ХАСАП систем, да изработиме изјави за безбедност при работа, тука и фискализацијата, и сето ова чини пари. Сега едвај крпиме крај со крај, да се подмират давачките кон државата, зошто во спротивно ни се закануваат казни, потоа да исплатиме плати и толку. Никој нема пари за инвестиции“, вели занаетчија од старата Скопска чаршија.

Додека занаетчиството се бори за опстанок, Владата веќе ја турка идејата за унфицирање на изгледот на старите чаршии, напрово во Скопје а потоа на дневен ред ќе дојдат и битолската и охридската чаршија.

Според најавите од Министерствто за економија, идејата е типски да се уредат златарниците, дуќаните за чанти, кујунџиските дуќани и на свој начин да се окарактеризираат угостителските објекти. Креаторот на ова решение смета дека  сето тоа ќе се спроведе со строго утврдени димензии на големината на излогот, на знаците, буквите, осветлувањето, а при тоа да се зачува автентичноста на Чаршијата. Минисетрството за економија по 20 април, ќе ги разгледуваме пристигнатите решенија.

Од Занаетчиската комора во Скопје велат дека не се информирани и не ги знаат детаљите од владиниот план за унфицирање на чаршијата.

„Немаме конкретни информации, од она што го знам, мислам дека има отворени неколку прашања. Пред се како би се унифицирале дуќаните на еден шапкар, златар или ковач, кога тоа се различни прфили на занаетчии, еснафи. Немаме инфрмација ниту за дизајнот на излозите. Ние имаме евиденција дека  опстојуваат околу 800 деловни единици, нејсно е дали сите ќе бидат унифицирани“, велат од Занаетчиската комора – Скопје.

Сличен став имаат и битолските еснафи.

„Каква вредност има брендирањето и унифицирањето на чаршиите, кога занаечиите се повеќе ги затвораат дуќаните. Ако во Битола некогаш имаше илјада занаетчии, сега ги има само 400. Затворањето на дуќаните е поради неколку причини, прво фисклизацијата, а потоа е се повисоките казни и обврски кон државата“, вели Димче Палензов од Занетчиската комора – Битола.

Според информациите од занаетчиите, годинава се промениле и условите за добивање на државна помош за одредени еснафи. Имено, лани занетчиите имале можност да аплицираат за државни субвенции за опрема и материјали, и откако ќе склучеле договор со државата, почнувале со инвестицијата која подоцна им била покриена со субвенции. Годинава, правилата се промениле, имено занаетчиите прво мораат да влезат во инвестициски циклус а потоа да аплицираат за државни средства, пришто нивната апликација за државни средства може да биде одбиена.

„Имаше најава дека државата ќе создаваат, односно ќе помогне да се формираат занаетчиски улици, квартови, во кои ќе бидата лоцирани стари занаети. Но како што поминува времето, наместо да им се помага, на занаетите како да им се одмага. Точно е дека државата понуди мерка со која три години занаетчиите се ослободени од плаќање на персонален данок, тоа е околу 75 000 денари годишно, но јас ќе речеам дека без пригод од 150 000 денари, не може да се опстои, така што овие мерки во вакви услови не можа да помогнат“, смета Палензов.

Од 2008. година Старата скопска чаршија е заштитата со Закон за култутно наследство од особено значење. Според овој закон  дадени се границите на заштитеното добро, односно што е дозволено а што не е дозволено да се превзема. Експертите велат дека иако дуќаните се клучната карактеристика на чаршијата, симбол за едно минато време, сепак во законот не  е наведено ништо конкретно околу менувањето на дуќаните.

Во 2010. година Законот за  прогласување на Старата скопска чаршија како културно наследство од особено значење, претрпе измени. Во измените беше посочено дека заради заштита, уредување, ревитализација и рационално користење на Старата скопска чаршија еден урбанистички план ќе важи за целата површина на споменичката целина.

Планот според измените треба да се изработува врз основа на заштитино-конзерваторски основи, изготвени од надлежна јавна установа за заштита, а планот треба да го носат општините Центар и Чаир.

 

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески