Анализа: За една година, нови 100 милиони евра долг на државните институции, општини, јавни претпријатија …

Од:

Драматичен раст на долговите на јавните претпријатија – за за само три месеци пораснале доспеаните, а неплатени обврски и на јавните претпријатија и државните фирми, долговите ги зголемиле и општините и јавните здравствени институции. Заклучно со 2021-та вкупните доспеани, а неплатени обврски на државните институции, јавните претпријатија, министерствата, општините, државните фирми, надминаа 391 милион евра – со раст и во однос на третиот квартал и во однос на состојбата на крајот од 2020-та.

Кои сектори колку должат…

Вкупните доспеани обврски на се што значи институција под „државна“ и „општинска“ капа на крајот од 2021 година се прближија до 400 милиони евра. Министерството за финансии ги објави сумираните годишни податоци за должничката позиција и состојба на 1063 институции – од нив 700 пријавиле доспеани, а неплатени обврски на крајот од третиот квартал. На новата должничка листа со пријавени неплатени обврски има 60 -на институции помалку во однос на листата од третиот квартал од 2021-та.

„Порталб“ направи споредба на состојбите во четвртиот во однос на третиот квартал од годината – вкупните доспеани а неплатени обврски се зголемени за 62,1 милион евра, што претставува заначаен пораст за само три месеци.

Подрастичен пораст на неплатените обврски има кај Јавните претпријатија и фирми со државна сопственост чиј долг достигна 179,2 милиони евра – со раст од 54,6 милиони евра за само три месеци. Пораст има и кај долговите на општините – доспеаните, а неплатени обврски достигнаа скоро 69 милиони евра, долгот на општинските јавни претпријатија се зголемија на 58,4 милион евра.

Раст на доспеаните а неплатени обврски има и во здравството – на крајот од минатата година институциите, односно болниците, клиниките, пријавиле долг во износ од скоро 68 милиони евра. Кај „буџетските корисници од прва линија“, во кои спаѓаат министерства и одредени државни институции, регистрирано е позначајно намалување на долговите на 9,5 милион евра.

Неплатени камати, застанати комунални сметки, неисплатени плати…

Во новата должничка листа пријавени се милионски долгови по различен основ а највисоки суми на доспеани а неплатени обврски има за градежни работи, камати за кредити, купување на материјали и ситен инвентар, за плати, договорни услуги.

Конкретно, на крајот од 2021-та по основ на „договорни услуги“ обврските изнесуваат 37 милиони евра, по основ на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт 52 милион евра, доспеаните а неплатени обрски за материјали и ситен инвентар достигнаа 51 милион евра, а за плати, придонеси, надоместоци изнесуваат 9,3 милион евра. За каматни плаќања кон домашни кредитори доспеаниот долг изнесува 22,5 милион евра а за градежни објекти 38,2 милион евра.

На првите три места, според висината на доспеаните а неплатени обврски се наоѓаат АД „Македонски енергетски ресурси“ со износ од 82,7 милион евра, АД МЖ „Транспорт“ – Скопје со долг од 64,9 милион евра и општина Тетово чиј долг достигна 13,5 милион евра.

Не само на квартално ниво, вкупните доспеани а неплатени обврски драматично се зголемени и во однос на состојбата на крајот од 2020 та година.

На крајот од декември 2021-та во споредба со состојбата во декември 2020-та, вкупните доспеани, а неплатени обврски се зголемиле за 102,7 милиони евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска