Анализа: Вработени во администрација – „етничкиот клуч“ отвора различни врати

Од:

Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во Собранието се вработени 257 лица, но во оваа бројка не се и пратениците. Податоците од новиот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 та покажуваат намалување на бројот на буџетари-административци. „Порталб“ во две последователни продолженија детално ги обработува податоците за вработените по повеќе критериуми.

Во Уставниот суд – просечна возраст 53 години, Владиниот секретаријат „најподмладен“…

Вкупниот број на вработени во јавниот сектор во 2020 та изнесувал 131.183,од нив 19.594 се вработени во безбедносните структури , во Армијата, Полицијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и во Финансиската полиција.

Точно 1 102 вработени во јавниот сектор имаат над 64 години, напроти нив на возраст од 18 до 25 години се 2 112 административци. Просечната возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години, но најбројни се оние од 46 до 55 години.

Анализата покажува дека најголема просечна возраст од скоро 53 години има кај Уставниот суд, додека пак најмала просечна возраст од 38 години има кај Секретаријатите на Влада. Во министерставата просечната возраст на вработените е 43 години, во Јавните претпријатија скоро 49 години, а во општините нешто повеќе од 45 години. Лицата со над 64 годишна возраст се најзастапени во Судски совет, Уставен суд, во регулаторните тела, во Органи во состав на Министерства, кај Народниот правобранител. На ниво на цел јавен сектор најголемо учество имаат возрасните групи од 36 до 45 години и од 46 до 55 години.

Во дел од институциите – нема вработени етнички Роми, Турци, Срби…

Во 2020 година, според етничката припадност регистриран е зголемен број на вработени од речиси сите етнички групи, додека благо намалување во однос на 2019 та има кај вработените од ромската етничка заедница.

Конкретно, лани 80.891 од вработените биле Македонци, 23.269 се Албанци, 2.436 се стнички Турци, 1.567 се Роми, 1.567 се Срби.

Ако се навлезе во детелите за тоа кои етнички заедници во кои институции се најзастапени, податоците покажуваат дека етничките Албанци се најзастапени кај Народниот правобранител со 36,4%, во Министерствата со 36,1% и Секратаријатот на Владата со 29,1%, додека најмалку застапени се Уставен суд со 0 %.

Припадниците на ромската етничка заедница се најзастапени во Министерство за политички систем со 4,4%, во Министерство за правда со 2,2%, во Министерство за труд и социјална политика со 2,8% додека Турците се најзастапени во Министерство за политички систем со 6,9% и во Министерството за економија со скоро 4%. Различен распоред на силите по „етнички клуч“ има и во Агенциите, така, етнички Албанци се скоро 44% од вработените во Агенција за задолжителни нафтени резерви, во Државен завод за индустриска сопственост и во Агенција за управување со одземен имот се застапени со скоро 41%, а во Државно правобранителство со 28%. Етничките Роми, Турци и Срби пак воопшто ги нема во повеќе агенции како Агенцијата за иселеништво, Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, Агенција за поддршка на претприемништвото, Агенција за странски инвестиции, Агенција за филм, Инспекциски совет…

Со цел да се добие комплетна слика за вработените во јавниот сектор од различни аспекти, во следната „Анализа“ ќе се анализира образовната структура на вработените во администрацијата – клучна за квалитетот и ефикасноста во работата како, етничката структура на вработените на локално ниво и бројот на вработени во министерствата.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска