Анализа: Во пандемијата, земјоделците размислуваат за нови канали на продажба

Од:

Кризата најмногу ги погоди примарните производители, посебно оние кои се на работ на одржливост. Предизвика и затворање на вообичаените канали за продажба поради што некои земјоделци ги продале производите директно на трговци по пониски цени, дел од вишоците се фрлени, а дел се оставени на нива. Во сточарството, грлата наменети за продажба се задржани за приплод или за продолжено гоење.

Ова го покажуваат двете анализи што денеска преку зум конференција ги презентира Националната федерација на фармери.

Според истражувањето, ваквата ситуација ги поттикна земјоделците да размислуваат за нови стратегии, канали и инвестиции кои ќе им овозможат продажба.

Како што беше речено, потребно е да се работи на развивање на пазарот на кредити, како и на факторинг и лизинг услугите во земјоделството. Особено е изразена потребата од воспоставување државен гарантен фонд и кредити димензионирани за малите фармери.

-Корона кризата ја истакна важноста и потребата од стабилен систем на храна што функционира во секакви околности и што е во состојба да обезбеди до потрошувачите доволно и континуирано снабдување по достапни цени. Пандемијата исто така ја истакна улогата на земјоделските производители во синџирот на снабдувањето со храна. Малите земјоделски производители се најранливата категорија, бидејќи истовремено мора да се справат со шокот предизвикан од корона кризата, како од здравствен, така и од економски аспект. Глобалната криза всушност ги продлабочи проблемите со кои и онака се соочуваат земјоделците, особено оние кои се на работ на одржливост, истакнаа учесниците на конференцијата.

Според нив, во последните пет години се забележува слаба кредитна активност од страна на земјоделските стопанства, бидејќи сѐ уште не е доволно развиен пазарот на кредити во земјава. Скоро и да не постои разлика во финансиското однесување помеѓу оние домаќинства што остваруваат годишен приход под 1.300.000 денари од оние што остваруваат поголем приход.

-Според Анализата за наружени пазарни врски, од анкетираните 90 лица, 98 отсто истакнаа дека КОВИД пандемијата најмногу ги погоди примарните производители. Од друга страна, 82 процента од земјоделците рекоа дека корона пандемијата ги поттикна да размислуваат за нови стратегии, канали и инвестии за реализација на продажба, потенцира претседателката на НФФ, Васка Мојсовска.

Анализата потврди дека корона кризата ја истакна потребата за прилагодливост и издржливост на земјоделските стопанства.

Според Анализата за информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини, пак, малите фармери ги немаат сите информации за достапноста на финансиските инструменти во земјоделскиот сектор, како и за начинот на кој може да се искористат.

-Во таа насока, неопходно е континуирано зголемување на свесноста, доедукација и зголемување на финансиската писменост на земјоделците, порчаа експертите.

Васко Хаџиевски од Шведската организација за развој We effect, тоа што е важно и на што треба да се работи во следниот период во земјоделството е маркетингот и финансиската инклузија.

Анализата на информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини и Анализата за нарушените и прекинати пазарни врски во земјоделството како резултат на корона кризата и препораки за нивно надминување на краток и среден рок се изработени во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската развојна организација We Effect.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар