Анализа: Стар проблем – нови решенија, повеќе од 25 000 млади лица без работа, дали ќе помогнат новите владини мерки?

Од:

„Прв дојден – прв услужен“ и воведување на квота од 5% опфатеност на Ромите, учество на младите лица до 29 години со најмлаку 30% – ова се новите критериуми во новиот Оперативен план за вработување за 2022 година, пишува Порталб. За оваа година предвидено е рекордно највисок износ од 28 милиони евра за отворање на нови работни места за таргетирана група невработени.

dobivaj vesti na viber

Вработување на младите – најдлабока стапка на невработеност кај лицата до 24 години

Од вкупниот број на невработено работоспособно население 63,3% се на возраст од 25 до 49 години а 16,6% се на возраст од 15 до 24 години. Останатите 20% се на возраст поголема од 50 години. Според сумираните податоци на Заводот за статистика за 2021 година и натаму најдлабока стапка на невработеност од 36,4% има кај лицата до 24 години и таа во споредба со 2020 та е зголемена, кога изнесувала 35,7%.

Новиот оперативен план за вработување за годинава тежи 28 милиони евра а планирано е да се вработат и обучат околу 15 000 лица. Во голем дел од мерките опфатени се и младите луѓе до 29 години. Една од опциите е Програмата за самовработување преку која се нуди пристап и до скоро 10 000 евра, грант средства. Но доколку во рок од две години новооснованата фирма се затвори или на корисникот на грантот му престане работниот однос ( освен во случај на неспособност или смрт) тогаш парите ќе мора да се вратат во износ од 60% до 80% а лицето го губи правото да се врати во евденцијата на невработени во период од 3 години.

Една од мерките која предвидува вработување на 1 528 лица е „Поддршка за креирање на нови работни места“, а со оваа програма се опфааќаат повеќе категории на невработени како и оние кои ја изгубиле работата поради Ковид кризата. Фирмите кои сакаат и можат да креираат работни места ќе добијат конкретна финансиска поддршка.

„19 000 денари вкупно месечно како субвенција на плата на варботено лице 3,6 или 12 месеци“ – се наведува во Оперативниот план. Но и овие средства се условени со задржување на работникот во определен период, фирмата да нема финансиски загуби, навреме да ги плаќа обврските кон државата.

Годинава продолжуваат и мерките за финансиска поддршка на обуки, особено на млади лица како што се обуки за напредни ИТ вештини, кои се планирани за невработени до 34 години, со опфат на 424 лица од евиденцијата на невработени, обуки за графички дизајн со опфат на 53 лица и други.

Една од мерките со која се таргетираат невработени лица со ниски квалификации е “Програма за работно ангажирање“ преку која се планираат 1000 нови вработувања. За прв пат се воведе и програмата за креирање на нови работни места преку “Зелени инвестции“ а висината на грантовите се движи од 205 000 денари до 615 000 денари во зависност од бројот на вработени.

И според податоците од Агенцијата за вработување младите се меѓу најбројните на листата невработени, па така заклучно со 31 во март годинава биле регистрирани 10 917 невработени на возраст од 20 до 24 години и 12 115 на возраст од 25 до 29 години – или на возраст од 15 до 29 години на крајот од март биле евидентирани вкупно 25 134 лица.

Вкупниот број на невработени според АВРМ изнесува 125 907 лица – со оглед на тоа што со Оперативниот план се предвидува опфат на 15 000 невработени или нецели 12% од невработените. Реализацијата на мерките од Оперативниот план за 2021 та изнесува 94,6% а со мерките биле опфатени 11 292 невработени лица пришто 100% искорстување имало кај мерките “самовработување“ и “обуки за развој на дигитални вештини“. Новиот Оперативен план за 2022 веќе е на сила а пакетот мерки за намалување на невработеноста се спроведуваат веќе 12 години. И покрај тоа што годишно се трошат десетици милиони евра, досегашните анализи од меѓународните институции покажаа дека токму младите се тие кои ја напуштаат земјава – пред се поради економски причини но и поради недоверба во иституциите, партизацијата и крупцијата во земјава.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

АНАЛИЗА: Плати во министерства и во судство во 2023 година !

Горан Наумовски

Анализа: Висина на плати во агенции, регулатори, државни комисии во 2023 година

Ана Ололовска

Анализа: Нова должничка листа – Тетово со повеќе од 14,3 милиони евра, а Гостивар со скоро 8 милиони евра долг!

Ана Ололовска

АНАЛИЗА: Кризна одлука во кризно време – во Буџетот за 2023 под „нож“ плати, трансфери, субвенции, од каде ќе се крати!

Ана Ололовска

Анализа: Ручек во ресторан „луксуз“, драматични поскапувања во преработувачката индустрија

Ана Ололовска

Анализа: Даночна реформа – „нови давачки“ за хонорарци!

Ана Ололовска