Анализа: Раст на долговите во здравството, на општините, министерствата …

Од:

Зголемени доспеани а неплатени обврски на јавните претпријатија на локално ниво, на јавните здравствени институции, на општните, во образованието. Намалување има кај Јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, пишува “Порталб“. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првиот квартал од годинава, во кој се прелеа ланската енергетска и гасна криза „зачинета“ со засилена инфлација, доспеаните а неплатени обврски на институциите под “државна капа“ изнесуваат 391,2 милион евра.

dobivaj vesti na viber

На новата „должничка листа“ 1 231 државна институција ….

Само за три месеци значајно се зголемени доспеаните а неплатени обврски на буџетските корисници од прва и од втора линија – министерства, агенции, училишта, раст на долговите има и кај општините и на јавните здравствени институции.

Така, буџетските корисници од прва линија во првиот квартал пријавиле неплатени сметки во износ од 11,6 милиони евра додека највисок износ на доспеани а неплатени обврски имаат Јавните претпријатија и фирми основани и контролирани од државата – 134 милиони евра. Сепак оваа сума е намалена за 45 милиони евра во однос на последното тромесечје од 2021 та година. Само на јавните здравствени установи за три месеци доспеаните обврски се зголемиле за нови 17,7 милион евра додека долгот на општинските јавни претпријатија пораснал за 6,6 милион евра.

На новата „должничка листа“ има 1 231 државни субјекти но доспеани а неплатени обврски пријавиле 902 институции – 300 повеќе во однос на „должничката листа“ на крајот од 2021 та година.

Долгови на општини, министерства, здравство…

И новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека доспеаните а неплатени обврски на општините се во пораст – достигнаа ниво 71,7 милион евра што е за 3 милиони евра во однос на состојбата на крајот од 2021 та.

На високо петто место според висината на долгот е општина Тетово со 13,5 милион евра а на осмо место е општина Охрид со скоро 8,5 милиони евра -– и двете општини имаат речиси непромената должничка позиција во однос на крајот од 2021 та . Меѓу општините со поголем долг е и Гостивар со 6,4 милион евра – износ кој сепак е намален во однос четвртиот квартал од 2021 та година. Општина Струга пријавила доспеан а неплатен долг во износ од скоро 3,6 милиони евра со раст во однос на состојбата на крајот од 2021 та а општина Делчево има обврски во износ од 3,1 милион евра, скоро исто колку и во последното тромесечје од 2021 та.

На новата должничка листа на првите три места се фирми под контрола на државата, МЖ „Транспорт“ пријавиле долг во износ од 67,5 милион евра, МЖ „Инфраструктура“ 23,3 милион евра а АД “ЕЛЕМ“ 16,9 милион евра.

Според висината на доспените а неплатени обврски високо котира здравството – Јавните здравствени установи за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар имаат долг од 14,1 милион евра , ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија должи скоро 9 милион евра, болницата во Кичево пријавила 5,9 милиони евра а Клиниката за трауматологија во Скопје 4,6 милиони евра долг. Повисоки износи на доспеани а неплатени обврски имаат и Институт за трансфузиона медицина со 4,5 милиони евра и ГОБ “8 ми Септември“ со 4,3 милиони евра.

Министерството за финансии на квартално ниво објавува податоци за состојбата со доспеаните а неплатени обврски на државните институции и на локално и на централно ниво. По почетокот на пандемијата се забележува пораст на долговите кои лани во споредба со 2020-та се зголемија за повеќе од 100 милиони евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Анализа: Нова должничка листа – Тетово со повеќе од 14,3 милиони евра, а Гостивар со скоро 8 милиони евра долг!

Ана Ололовска

АНАЛИЗА: Кризна одлука во кризно време – во Буџетот за 2023 под „нож“ плати, трансфери, субвенции, од каде ќе се крати!

Ана Ололовска

Анализа: Ручек во ресторан „луксуз“, драматични поскапувања во преработувачката индустрија

Ана Ололовска

Анализа: Даночна реформа – „нови давачки“ за хонорарци!

Ана Ололовска

АНАЛИЗА: Должничка листа – кои претријатија, министерства, општини колку должат?

Ана Ололовска

Анализа: Кои капитални проекти се ставени „под нож“ во ребалансираниот Буџет?

Ана Ололовска