Анализа: Нова должничка листа – Тетово со повеќе од 14,3 милиони евра, а Гостивар со скоро 8 милиони евра долг!

Од:

Само за 3 месеци внатрешниот државен долг се зголеми за скоро 6,5 милиони евра. На крајот од третиот квартал од годинава доспеаните а неплатени обврски на јавните претпријатија, министерства, здравство, образование, култура, општините, достигнаа 405 700 000 евра. Во првиот дел во „Анализа“ на Порталб должничката состојба во која се наоѓаат општините и јавните претпријатија под капа на локалните власти.

Дел од општините за три месеци го зголемија долгот…

Општина Тетово заклучно со септември пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 14 340 000 евра, за три месеци долгот е зголемен за околу 240 000 евра. Оваа општина според висината на долгот котира на високото 4 то место на новата должничка листа на Министерството за финансии. ЈКП Тетово пријавило доспеани а неплатени сметки во износ од 5 400 000  евра. Долг од 378 000 евра пријавил и Државиот универзитет Тетово, но долгови имаат и основни средни училишта кои се во рамките на оваа општина.

Општина Гостивар крајот од третиот квартал го завршува со долг од 7 812 000 евра и оваа општина го зголемила долгот, само за три месеци за повеќе од 300 000 евра. Гостивар е рaнгирана на 9 то место според износот на обврските. Долгот на ЈК Комуналец-Гостивар изнесува 3 300 000 евра, ЈП за јавни паркиралишта има долг од 65 500 евра  а Општата болница Тетово има неплатени обврски во износ од 282 200 евра.  На должничката листа се наоѓаат и средни и основни училишта во оваа општина.

Доспеаните а неплатени долгови на општина Кичево изнесуваат 1 500 000 евра. На територијата на оваа општина се наоѓа една од најзадолежните здравствени установи – Општа болница Кичево е на 6 то место на должничката листа со неплатени обврски во износ од 11 343 000 евра. ЈП Комуналец – Гостивар има неплатени сметки во износ од 1 200 000 евра а долгови имаат и Здравствен дом Кичево, основни, средни училишта како и Правниот факултет во Кичево. 

Општина Струга на крајот од септември имала долг во износ од 3 041 000 евра а со долг од  3 038 000 евра е и ЈП Водовод и канализација Струга. Општа болница Струга пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 2 450 000 евра како и струшкиот Завод за нефрологија со должнички износ од 1 344 000 евра. Уште едно јавно претпријатие од оваа општина има голем долг, , ЈП Комунално Струга има неплатени сметки во износ од 731 000 евра. На територијата на оваа општина освен основни и средни училишта, долгови имаат и затворот Струга, Манифестацијата “Струшки вечери на поезијата – Струга“, Основен суд – Струга, Јавно обвинителство -Струга.

Општина Чаир на крајот од третиот квартал има долг од 1 064 000 евра. На територијата на оваа општина од здравствените установи највисок износ на долг од 511 000 евра има Болницата за гинекологија – Чаир, а долгови имаат десетина основни и средни училишта што се на територија на оваа скопска општина.

И општина Сарај со доспеани а неплатени обврски во износ од 1 700 000 евра се наоѓа на новата должничка листа. На локално ниво долгови пријавиле и пет основни училишта како и средното училиште на Град Скопје – Сарај.

На должничаката листа се наоѓаат и општина Арачиново со доспеани а неплатени обврски во износ од 835 000 евра, општина Дебар со долг од 1 100 000 евра, општина Боговиње со 416 000 евра а доспеани а неплатени сметки во износ од  1 030 000 има општина Липково.

Високо на нова листа должници се наоѓаат и други општини, па така во првите педесет најзадолжени се наоѓаат и општина Охрид со неплатени сметки во износ од 6,3 милион евра, општина Делчево со износ од 3,1 милион  евра, општина Прилеп има долг од 2,0 милион евра и општина Врапчиште со должнички износ од 1,7 милиони евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска