Анализа: Нова „должничка“ листа – кои министерства, агенции, болници најмногу должат

Од:

Растат долговите на државните институции, на дел од општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта – на крајот од првата половина од годинава достигнаа 332 милиони евра, пишува „Порталб“. Во вториот квартал во споредба со првиот општините успеале да намалат дел од долгот, но раст на долговите има во здравството, на јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, на голем дел од буџетските корисници, судовите.

На „должничка листа“ 1 180 должници – за само три месеци раст на долговите за 20 милиони евра

Државните долгови се зголемија и во вториот квартал од годинава – пораст има и во однос на првиот квартал, но и во однос на истиот период лани. На новата „должничка“ листа на Министерството за финанасии се наоѓаат 1 180 институции од здравството, образованието, културата, јавни претпријатија на централно и локално ниво, регулаторни тела, агенции, центри за социјална заштита кои пријавиле милионски доспеани, а неплатени обврски.

Податоците покажуваат дека вкупниот пријавен долг на се што значи „државна“ институција на централно и на локално ниво изнесува 332 милиони евра. Во споредба со првиот квартал од годинава тој е зголемен за 20 милиони евра, а во споредба со лани истиот период за 51,5 милиони евра.

Забележително е дека општините и општинските јавни претпријатија на квартално ниво успеале да го намалат долгот во споредба со првиот квартал, но и натаму оваа група котира високо според износот на долговите, над 61 милион евра.

Кои судови, агенции, инспекторати, болници најмногу должат…

Голем број на училишта, агенции, јавни претпријатија, речиси сите општини, болници, министерства се на новата листа на должници – со доспеани, а неплатени обврски.

„Порталб“ направи анализа на долговите според видот на институциите. Меѓу државните Агенции со поголеми износи на долгови се Агенција за храна и ветеринарство со скоро 95 000 евра, Агенција за млади и спорт со долг од скоро 50 000 евра, а приближно толку должи и Агенцијата за лекови. Доспеани, а неплатени обврски повисоки од 50 000 евра пријавил и скопскиот Државен санитарен и здравствен инспекторат.

На листата должници се и затворите – со поголеми долгови се КПД Идризво со 388 000 евра и КПУ затвор Скопје-Шуто Оризари 686 000 евра.

Доспеани, а неплатени обврски имаат и министерствата, а со поголем износ на долг се Министерството за култура, Министерството за транспорт, МНР.

Милионски доспеани, а неплатени обврски пријавиле и болниците односно јавните здравствени установи речиси од цела држава. На листата се наоѓаат и клинички центри, медицински институти, но и здравствени домови од двесеттина градови – од Охрид, Тетово, Штип, Велес, Валандово, Скопје, Куманово.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска