АНАЛИЗА: Кризна одлука во кризно време – во Буџетот за 2023 под „нож“ плати, трансфери, субвенции, од каде ќе се крати!

Од:

Следната буџетска година ќе започне со веќе „изместени“ владини проекции кои се зацртани во Фискалната стратегија. Владата најави кратења кај повеќе ставки – трансфери, стоки и усслуги, субвенции, пишува Порталб.

Дали прогнозите за трошење во 2023 беа „надувани“ па има простор за намалување или поради кризата нема друго решение освен да се стесни ременот за буџетските трошења.

Намалување на расходите за плати и надоместоци…

За исплата на плати и на надоместоци на буџетарите за годинава се планирани скоро 540 милиони евра – сума која со ребалансот на Буџетот се зголеми за 1,7%. Кај оваа ставка Владата планира намалување за 10% во однос на 2023 та година кога е проектирана на ниво од 570,3 милиони евра. Од ова кратење се очекува заштеда од 49 милиони евра.

Како дел од планот се и намалување на расходите на Јавните претпријатија, агенциите, фирмите во државна сопственост – и тие имаат обврска да ги намалат трошењата но и да ги намалат платите онаму каде што тие се далеку над републичкиот просек.

Намалување на расходи за субвениции, трансфери, социјални надоместоци…

„Најчуствителните“ буџетски ставки на расходната страна се оние за субвенции, трансфери, социјални надоместоци – владата планира догодина да ги намали за 20 % во однос на рамката за 2023 та година. А во 2023 та година дел од овие ставки според Фискалната проекција веќе се намалени во однос на годинава, но дел се и значајно зголемени. И со овие кратењата се очекува заштеда од 49 милиони евра.

Овие буџетски ставки финансиски најиздашни – само за социјани трансфери, со кои, меѓудругото се опфатени пензии, надоместоци за невработени, социјална помош, со годинешниот буџет е планиран износ од 2,1 милијарда евра. Дел од овој пакет за кој се планира намалување се и трансферите и субвенциите – ставка која во моментов „тежи“ 550 милиони евра но за која веќе има проекција во Фискалната стратегија да се намали за цели 35 000 000 евра. Трансферите до општините за годинава се планирани на ниво од 375 милиони евра, а блок дотациите изнесуваат 333 милиони евра.

„Кај овие позиции во Буџетот има простор за кратење – премногу се “набилдани“ трошењата догодина, планирани се високи износи кои се „скриени“ во буџетските подставки како онаа “други трансфери“. Секако не се очекува намалување на изност на пример за социјална помош – тоа би била непопуларна мерка, напротив, се најавува зголемување“ – коментира економски аналитичар за “Порталб“ и оценува дека со владините проекции од Фискалната стратегија нереално се планирани капиталните расходи – милионски суми кои не се реализираат.

Намалување на расходи за стоки, услуги…

Една од најкоментираните буџетски ставки е онаа за стоки и услуги – ги опфаќа трошењата на државна сметка поврзани со дневници за службени патувања, договорни услуги, сметки за комуналии, купување на мебел, опрема и други јавни набавки.

За годинава по овој основ државата планира да потроши 375 милиони евра, износ кој се зголеми за 11,9% во однос на првичниот буџетски план.

Сега со новиот владин План овие трошења треба да се намалат за 20% во однос на фискалната рамка за следната 2023 та година за кога е планиран износ од 373 600 000 евра.

Ефектот од кратењата кај трошоците за стоки и услуги би „тежел“ 49 милиони евра.

Сите овие буџетските кратење треба да ослободат пари за поддршка на граѓаните и на фирмите во ек на енергетска криза која веќе доби димензии и на економска криза.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска