АНАЛИЗА: Колкава е вредноста на најбогатите луѓе во светот споредено со Македонија и соседните земји?

Од:

Според податоците на ММФ, номиналниот БДП на Македонија достигна 3,2 милијарди американски долари во септември 2019 година што е повисок од минатата година (3.1 мил. USD).

Просекот на македонскиот номинален БДП во просек изнесува 2,4 милијарди американски долари, додека БДП дефлаторот бележи раст од 0,7% за месец септември минатата година.

Нашиот БДП по глава на жител (Per Capita) достигна 6,081,0 американски долари во декември 2018 година.

Од земјите во соседството, Србија има 13,2 милијарди долари, Бугарија (18,1), додека Грција котира најдобро со 52,2 милијарди долари.

Во друштвото на земји од Балканот со најнизок номинален БДП е Албанија (3,9), Македонија (3,2) и Косово (2,2).

Од друга страна, доколку се направи збир на богатството на најбогатите бизнисмени во светот ќе дојдеме до сознание дека тие се побогати од 85 држави.

Нивната вкупна вредност, според податоците од ММФ изнесува 858,1 милијарди американски долари додека вредноста на најсиромашните 85 држави во светот изнесува 813,5 милијарди долари.

Најбогатиот човек во светот е Џеф Безос, основачот на „Amazon“ чија имотна вредност се пресметува околу 123,5 милијарди долари.

На второто место е Бил Гејтс со неговата фондација „Бил и Мелинда Гејтс“ кој моментално тежи околу 112,6 милијарди долари. Во богатата фела е и францускиот милијардер Бернар Арно, сопственик на познатиот бренд Луј Витон кој располага со 108 милијарди долари.

Од податоците објавени според ММФ и Светска банка, најбогатите бизнисмени се побогати од Македонија и сите соседни држави заедно.

Глобалните економски промени сериозно влијаат врз менување на светските економските текови на капитал што на долг рок ќе овозможат транснационалните компании да бидат економски најмоќните сили во светот.

Номиналниот бруто домашен производ e вредноста на вкупно произведените финални добра и услуги пресметан според тековните цени и стапката на инфлација. Податоците од оваа анализа се превземени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и статистиката од Светска банка.

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов