АНАЛИЗА: Ќе се повтори ли ланскиот инвестициски пик?

Од:

Во очекување на полноправното челенство во НАТО и датум за почеток на пристaпните преговори, дел од европските земји веќе ги даваат привите насоки на своите инвеститори да се охрабрат и да вложуваат во земјава, но дел од домашните бизнисмени упатуваат на сеуште присутните проблеми кои го кочат инвестирањето, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Последните податоци покажуваат дека првото економско полугодие за разлика од ланското не е охрабрувачко кога се работи за странските директни иневестиции.

Во првото полугодие салдо на странски иневестиции од 55,6 милиони евра…

Политиката ја засени економијата, па дури одредени коруптивни случаи донесоа нов бран на незивесност и недовреба. Иако статистиките покажуваат раст на БДП, сепак бројките за странски инвестиции упатуваат на сеуште присутна воздржаност за поагресивно вложување – коментираат за “Порталб“ економистите поврзувајќи ја инвестициската активност и со очекуваниот датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Последните достапни податоци на Народната банка покажуваат дека од јануари до крајот на јуни салдото на вкупни странски директни инвестиции изнесувало 55,6 милиони евра. Во првото економско полугодие од годинава во однос на истиот период лани СДИ се намалени за 257 милиони евра. Ланската 2018 година според податоците е една од најуспешните инвестициски години а оваа 2019 досега засега не ги навестува овие резултати.

Странски директни инвестиции:

2019 година (јануари-јуни) 55,63 милиони евра

2018 година 624,49 милиони евра

2017 година 181,73 милиони евра

2016 година 338,43 милиони евра

2015 година 216,72 милиони евра

2014 година 205,14 милиони евра

2013 година 252, 20 милиони евра

Ланскиот инвестициски пик позитивно се одрази и врз учеството на странските директни иневстиции во БДП, достигнувајќи 5,8%. Претходните години забележан е пораст на уделот на СДИ во БДП но сепак според стапките земјава и натаму заостанува во однос на европскиот просек. Така, учеството странските директни инвестиции во 2017 година изнесувало 4%, во 2016 година 4,9%, во 2015 година 4,6%, во 2014 година 5,3% а во 2013 година 4,8% учество на СДИ во БДП.

Според анализите на НБМ, во првото полугодие од годинава забележано е забрзување на годишниот раст на увозот за инвестции но и на државните капитални инвестиции, што се одрази врз стапките на раст на вкупната економија.

„Економската активност продолжи да расте и во вториот квартал на 2019 година, со реална годишна стапка на раст од 3,1% (4,1% во првиот квартал). Растот е движен од домашната побарувачка, при натамошен раст на личната и јавната потрошувачка и на бруто-инвестициите, додека нето-извозот има негативен придонес. Во првата половина од годината, растот на БДП изнесува 3,6% и е малку поумерен од очекуваниот за овој период од годината“ – велат од Народната банка.

Што очекуваат домашните и странските инвеститори…

Во предворје на полнопрановото членство на земјава во НАТО, Франција која сеуште е без конечна одлука за поддршка на пристапните преговори со ЕУ, сепак дала насоки на своите инвеститори да влезат во анализи за инвестирање во Македонија. Ова неодамна го потврди францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

„За жал, банката „Сосиете Женерал“ се одлучи да се повлече поради малиот пазар, со што ќе се изгуби видливоста на францускиот интерес за стопанска соработка со Македонија. Моментално сме ангажирани за завршување на физибилити-студијата за изградба на колектор за отпадни води во Скопје, за чија изведба ќе се распише меѓународен повик. Дали француска компанија ќе го добие тендерот ќе видиме, но знаеме дека француската компаниата NGE ќе го поставува колекторот и ќе и требаат соработници, информирал“ – изјави Тимоние.

Дел од бизнисмените, користејќи ја секоја можност, предочуваат на сеуште присутните слабости и проблеми со кои се соочуваат, особено алудирајќи на административните процедури, на променливоста на законите, на отстуството на политичка стабилност, но и на воздражност на банките за поголема поддршка на домашните фирми.

„Како извозно ориентирани, за да опстанеме на надворешните пазари мора да сме во тек со се што се случува во светот, автоматизација, дигитализација. Назад сме. Не дека нема средства, комерцијалните банки имаат, но долгорочните кредити имаат одредена ставка на трошок кај компаниите, а времетрањето на нивниот поврат е релативно кратко што создава проблем со недостиг на кеш. Во овој период на создавање нов човечки капитал, ќе ни биде од голема помош ако Македонската банка за поддршка и развој се преструктуира со цел во фокусот да и биде подрршката на индустриите кои се 100 отсто извозоно ориенитрани“ – порача Ирена Јакимовска.менаџерка на компанијата „Комфи ангел“ – Прилеп.

Советот на странски инвеститори во земјава укажа на повеќе сегмени во кои се потребни промени за подобра бизнис клима: зајакнување на инструментите за борба против неформалната економија со цел да се обезбеди фер конкуренција на пазарот, поголем степен на доверба во институциите на системот, воспоставување стабилно, предвидливо и конкурентно опкружување како елементи од суштинско значење за секој странски инвеститор, создавање недвосмислени и применливи закони со можност за учество на бизнис-секторот во нивната подготовка како и продолжување со реформите во јавната администрација.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска