АНАЛИЗА: Инвестициски пакет „тежок“ 3,3 милијарди евра – од каде ќе почне рестартирањето!

Од:

Одлив од 15 милиони евра на странските – нето инвестиции регистрираше официјалната статистика на Народната банка во вториот економски квартал. Се ситни и третото тромесечје – засега инвестициската активност е под „мраз“. Според економистите, оваа година кој изминува во знакот на Ковид 19 кризата но и е засенета од предвремените парламентарни избри, ќе се вброи во годините кои се сметаат за инвестициски промашени.

Странските инвестиции во пад, јавните со „лазечко“ темпо…

Во април, мај и јуни, според податоците од Народната банка е регистриран одлив на странските – нето директни инвестиции, со што овој економски кваратал завршил со минус на СДИ од 15 милиони евра. Претходно, одлив од 3,8 милиони евра странски директни инвестции е забележан во третото тромесечје во 2018 та година. Според досегашниот тренд на движење на странските инвестиции а со оглед на тоа што здравствената Ковид 19 криза е пред опасност за нов бран, очекувањата се дека и оваа 2020 та ќе биде една од промашените инвестициски години.

„Порталб“ објавува генеза за состојбата со странските директни инвестции во изминатите години а бројките покажуваат дека според износот на СДИ, 2018 та година е една од најуспешните со влез на скоро 604 милиони евра странски директни инвестиции.

Не само кај странските, проблематична е реализацијата и на јавните, односно државните инвестиции кои се со буџетска поддршка. Од првично планираните 386,5 милиони евра, по двата ребаланси на Буџетот, сега капиталните инвестиции се проектирани на 317,8 милиони евра, но и овој план бавно се остварува. Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со јули капиталните расходи се реализирале со 37,24% во однос на планот или до крајот на седмиот месец од годинава по овој основ се потрошиле 118, 3 милиони евра. Во авуст во споредба со лани, според Министерството за финансии има раст на капиталните расходи за 5,9%.

Амбициозна владина визија – ветување или оставрлив план…

Во пакет со ветувањата за длабински реформи во судството, образованието, медиумите, економијата – новата Влада ветува инвестициски пресврт, милијарди евра странски, домашни приватни и државни инвестиции. Според програмата, во следниот четиригодишен мандат, вкупните странски и јавни инвестиции се проектирани на ниво од 3,2 милијарди евра.

Овие инвестициски активности, според Владата ќе бидат мотивирани преку нови форми на буџетска поддршка, односно вложувањата ќе се стимулираат со државни пари.

„Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра, 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат. Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите“, се наведува во програмата за следниот период.

Старо-новата власт со старо ветување, дека ќе се посвети на остварување на капиталните инвестиции кои по правило одат “под нож“ кога се кратат буџетските трошења. Сега, се најавува формирање на специјално “тело“ кое ќе ја следи реализацијата на јавните инвестиции.

„Ќе креираме посебно тело или “Capital Investment Task Force Unit“. Во групата ќе се вклучат домашни и странски бизнис лидери/менаџери, што ќе бидат платени по исполнување на таргети за реализација на инвестицијата. Моделот ќе се пилотира за 6 месеци и ќе продолжи по научените лекции. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на институцијата задолжена за спроведување на инвестицијата, а тимовите ќе работат како посебни единици. Ангажманот на лицата ќе се врши на меѓународен оглас, а изборот и следењето на работата ќе биде во надлежност на работно тело во кое ќе се вклучат меѓународни финансиски институции“, наведуваат креаторите на политиките.

Колку и како од се ова ќе се оствари – останува да се види во новиот мандат кој владата веќе почна да го троши. Опозицијата пак не очекува значајни економски резултати а дополнително критикуваше дека Владата во својот нов состав нема министер за привлекување на инвестции, позиција која досега беше дел од владиниот кабинет.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска