Анализа: Инфлацијата се „подгрева“ – можно поскапување и на увозни производи!

Од:

Килограм шеќер 44 денари, литар масло за јадење 95 денари. Цените на основните прехранбени производи растат со почетокот на оваа година. На крајот од третиот квартал статистика и официјално потврди дека трошоците на живот во март во споредба со истиот месец лани се зголемени за 2,1 отсто, пишува „Порталб“.

Дел од трговците со увозна стока – пластика, кујнски производи, керамика велат дека не само цените на храната, допрва ќе растат и цените на другите производи.

Трошоците на живот растат…

Текстил, производи од пластика и од метал – голем број на увозни производи поскапуваат. Трговците велат дека изминатиот период се соочуваат со драстично повисоки цени на различен асортиман на производи кои ги увезуваат од Кина и од Турција.

„Во продавницава сите цени ќе морам да ги зголемам. Пластични производи за во бања и за во кујна, порцелански производи – се што увезував од Турција сега е со многу повисока цена. Ако не ги поскапам производите – треба да го затворам дуќанот“, вели Елена, сопственичка на продавница во Скопје.

Слична е состојбата и во трговијата со текстил.

„Увезувам текстилни производи од Кина и од Турција. Минатата недела кога правев нарачка, за истата сума што досега ја плаќав ми кажаа дека ќе добијам преполовена количина на производи што вообичаено ги увезувам“, објаснува еден трговец со текстилни призводи.

Годинава е јасно дека започна со ценовен бран. Очекувањата се дека инфалцијата ќе се „подгрева“ поради повеќе фактори. Според најновата Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП што ја прави Народната банка очекувањата за ценовен раст се во нагорна линија. Така, наместо прогнозираните 1,5% во претходната анкета, сега очекувањата се позиционирани на 1,8% за годинава и 1,9% за следната.

„Испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања со следниве фактори: досегашните остварувања на стапката на инфлација, неизвесноста предизвикана од пандемијата на ковид-19, повисоките цени на храната и енергијата, како и цените на увезените добра. Исто така, испитаниците сметаат дека постепеното надминување на кризата, монетарните и фискалните стимули, растот на домашната побарувачка, како и закрепнувањето на економијата би придонесле кон повисок раст на инфлацијата“, се наведува во Анкетата.

Растот на цените веќе се чуствува во секојдневието.

„За кратко време зејтинот поскапе многу. И другите основни призводи. Цените растат, а е криза“, вели една наша сограѓанка.

Во март во споредба со истиот месец лани цените на мало се зголемени за 2,6%. Ценвниот раст практично и значи и дека се зголемени трошоците на живот – односно дека живеачката станува поскапа. Позначаен раст на трошоците за живот во март се регистрани токму кај основните потреби.

Кај алкохолните пијалоци и тутун во март регистриран е пораст на трошоците за 4,3% , за домување, вода, електрика, гас и други горива за 4,5% , а за здравје трошоците во споредба со март лани се зголемени за 2,5%.

Подгревањето на инфлацијата започнува на крајот од минатата година и трендот се очекува да продолжи.

„Во четвртиот квартал од 2020 година годишната стапка на инфлација умерено забрза и изнесуваше 2,2%. Инфлацијата во овој период е над очекуваната за кварталот во рамките на октомвриската проекција, а отстапувањето во најголем дел се поврзува со растот на прехранбената и енергетската компонента, додека движењето на базичната инфлација е во согласност со очекувањата. За целата 2020 година, годишната стапка на инфлација е согласно со очекувањата и изнесува 1,2%“, наведуваат од Народната банка.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска