АНАЛИЗА: Годинава 5,2 милиони евра за развој на планските региони – кои проекти треба да се реализираат ?

Од:

Реконструкација на локални патишта, изградба на пешачки патеки, набавка на комунални возила, локален турзам – со различни проекти годинава аплицираа планските региони во земјава. Одборени се вкупно 5,2 милиони евра – средства кои општините треба да ги потрошат наменски – за реализацијата на проектите зад кои ставиле потпис.

„Порталб“ ги објавува проектите и вредноста на проектите за кои се одбрени пари кај сите осум Плански региони.

Во рамки на СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН, треба да се реализираат повеќе зафати : реконструкција на регионален пат од с.Орман, општина Ѓорче Петров, до општина Чучер Сандево, набавка на камион за миење на улиците во општина Студеничани, изградба на пешачка патека од пругата на село Орешани и село Таор до граница на село Ржаничино, општина Петровец, изградба на пешачка патека во с.Петровец, реконструкција на пристапен пат до месност викано Аџево – за што се одбрени вкупно 376 400 евра.

ЈУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН ги опфаќа следниве проекти за годинава: изградба на мост на река Турија на локален пат с.Просениково – с.Сарај, изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешеино – прва фаза, изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешеино – втора фаза, пришто за сите овие проекти вкупно издвоени се средства во износ од 580 400 илјади евра.

Во рамките на ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН одобрени се средства за создавање на услови за развој на културен туризам во Источен плански регион, потоа за реконструкција на културен дом “Тошо Арсов” во општина Виница, за збогатување на туристичката понуда на Црнодолски водопади – општина Пехчево, за подобра инфраструктура преку креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион – за што се издвоени 504 100 илјади евра.

ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН доби виза да ги реализира следниве проекти : валоризирање на туристичките потенцијали во општините Крушево и Могила, за зајакнување на техничките капацитети за собирање на комунален отпад во општините Прилеп, Ресен и Демир Хисар, реконструкција на патна инфраструктура во општините Долнени и Кривогаштани, унапредување на квалитетот на социјални услуги на регионално ниво – со што за реализација на сите овие проекти годинава се одбрени 554 400 илјади евра.

Во рамките на ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН треба да се остварат само два проекти со заедничка вредност од 690 000 евра.

ЈУГОЗАПАДЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН добива скоро 722 000 евра за изведба на Енерегетско ефикасни објекти и искористување на обновливи извори на енергија во јавните објекти, дигитализација на урбанистичко планска документација и креирање подземен катастар во ЈЗПР.

ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН има одборено средства во износ од 825 500 евра за следниве пректи: одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на Јавно комуналните претпријатија во општините Лозово, Демир Капија, Неготино и Росоман, подобрување на патната инфраструктура преку реконструкција на локални патни правци од с. Горно Врановци до регионален пат Чашка – Дреново, О. Чашка (втора фаза) како и ликална улица во с.Подлес, заштита на животна средина преку финализирање на речното корито на река Луда Мара, општина Кавадарци, одобрување на квалитетот на услугите од областа на културата преку зголемување на енергетската ефикасност на Домот на Култура во општина Свети Николе, подобрување на животниот стандард на граѓаните на Вардарски плански регион преку изградба на систем за водоснабдување во село Отовица, општина Велес.

Во рамките на СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН треба да се реализираат следниве преокти: подобрување на услови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион – фаза 5, реконструкција на патни правци во општина Липково за подобра поврзаност на Североисточниот и Скопски регион – за што се одобрени средства в износ од 976 100 евра.

Анализа на „Порталб“

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска