Анализа: Економски очекувања – следува битка за опстанок и за здржување на работните места!

Од:

Намален број на работници во преработувачката индустрија, во текстилниот сектор, во рударството, дејностите од енергетиката. Оптимизот за пост-пандемиско економско заздравување се стопи. Приватниот сектор уште на почетокот од оваа година се соочи со проблеми, пишува Порталб. Бројот на вработени во индустријата во јануари годинава во споредба со истиот месец лани е намален за 2,4%. Бизнисмените ги испорачаа првите оценки за очекувањата годинава – бројот на вработени во преработувачката индустрија ќе се намалува.

На удар на кризата – малите фирми и вработените од трудоинтензивните дејности…

Во февруари според Агенцијата за вработување регистрирани се 127 037 невработени – активни баратели на работа и уште 50 395 невработени – пасивни баратели на работа. Трендовите покажуваат намалување на невработеноста, но кај дел од индустриите кои апсорбираат голем број на вработени и се директно на удар на новата економска криза регистриран е пад на бројот на вработени –во преработувачкиот и енергетскиот сектор, во рударството, текстилната индустрија. Иако се очекуваше дека почетокот на економската 2022 година треба да навести економско заздравување во постковид период се случи спротивното – на енергетската и гасната криза се надоврзаа ценовното цунами и војната во Украина. Во првиот месец од годинава во споредба со истиот лани економските покажатели покажуваат негативни трендови. Бројот на вработени во индустијата е намален за 2,4% пришто пад е регостриран речиси во сите дејности кои опфаќаат голем број на вработени.


Ако се навлезе уште подетално во видовите на индустрии, податоците покажуваат дека само во производството на текстил бројот на вработени бил намален за 10,6%, во кожарската индустрија за 5,9%, пад на бројот на работници од 1,6% имало во производството на прехранбени производи.

Од друга страна пак дел од секторите регистрирале раст на бројот на вработени, во фармецевтската индустрија за 5%, во производството за мебел за 2,4%, во производството на хемикалии и хемиски производи бројот на вработени се зголемил за 8,2%. Сепак најмногу на удар се трудово интензивните дејности кои зафаќаат и поголем број на вработени. Така само во преработувачката индустрија се вработени 157 563 луѓе со што овој сектор во однос на сите останати вработува и најголем број на луѓе.

Очекувања на бизнисмените…

Проблемите во синџирот со снабдување со храна, високите цени на енергенсите ги топат и очекувањата на бизнисмените за зголемена економска активност.

„Индикаторот на довербата во преработувачката индустрија во февруари 2022 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на јануари 2022 година и изнесува 13.8, а во однос на февруари 2021 година е намален за 0.4 процентни поени“ – се наведува во новата публикација “Деловни тенденции во преработувачката индустрија“, објавена од ДЗР.

Во февруари и првите симптоми на пореметувања поврзани со количините и залихите на производи. Бизнисмените во февруари дале понеповолна оценка за економската состојба со тенденција на намалување на бројот на вработени.

„Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2022, во однос на јануари 2022 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се непроменети во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2022 година е поповолна во однос на претходниот месец, a понеповолна и во однос на февруари 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали“, изјавиле анкетираните стопанственици.

Поради новата економска криза, во предворје на Ребаланс на Буџетот се најавува нов пакет на мерки-овој пат таргетирани за приватниот сектор, компаниите. Дел од стопанствениците алармираа дека освен поради постоечката економска криза, високите трошоци за работа, се соочуваат и со обврската за зголемување на минималната плата и дека сите овие фактори веќе негативно влијаат врз ликвидноста на фирмите.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска