Анализа: Даночна реформа – „нови давачки“ за хонорарци!

Од:

Со најавената даночна реформа таргетирани се неколку даночни позиции – данок на доход, данок на добивка, ДДВ, воведување на зелен данок, пишува Порталб. Едно од решенијата што ќе предизвика бурни рекации е новиот концепт на “оданочување“ на хонорарците, вработените на договор на дело. Еве кои се ставовите на експерите за ова решение.

Оданочување на хонорарците…

Да се плаќаат придонеси за хонорарно ангажираните лица. И со постоечката регулатива и сега се плаќа пресонален данок во висина од 10% , но со нацрт-даночниот концепт се предлага плаќање на социјални придонеси за хонорарите – нов трошок за фирмите.

Даночниот експерт Павле Гацов вели:

„И овој пат најголема бура ќе предизвика планираното пресметување на социјални придонеси на хонорарите, односно надоместоците по основ на договор на дело. Ваквата мерка најмногу ќе ги погоди буџетските корисници кои имаат и најголем број на ангажирани лица по договор на дело. Сепак „погодувањето“ се однесува на трансфер на средства од буџетот во буџетите на соодветните фондови кои и така се дотираат со средства од буџетот. Во овој контекст потребно е да се изврши разграничување на ангажираните лица кои веќе имаат засновано работен однос, од оние кои немаат засновано работен однос и не се социјално осигурани“.

Според економистот Арбен Халили постои опасност од состојба на двојно оданочување , два различни фирми да плаќаат социјални придонеси за исто лице кое е ангажирано хонорарно.

„Лично сум против двојното оданочување, односо плаќање на здравствени придонеси и за хонорарци, за лица ангажирани со договор за дело, поради две причини: ако едно лице е веќе вработено и си плаќа придонеси на работното место каде што е ангажирано, истиот нема ама баш никаква потреба дополнително да си плаќа придонеси и на некој ад-хок ангажман“ – вели Халили и посочува на уште еден проблем со кој ќе се соочат компаниите:

„Има компании кои што имат потреба за нови вработувања. Повеќе од коректно е на лица кои се ангажират прв пат да им се понуди догово за дело на месец или три месеци, со цел да се види дали лицето ангажирано ќе се прилагоди на новото работно место или пак дали работодавачот ќе биде задоволен од неговиот ангажман. За тој временски период плаќањето на персоналниот данок сметам дека е повеќе од задолжителен, но не гледам потреба за плаќање на другите придонеси. Секако дека е во интерес на работницие да се вреднува секој ден и секој час како стаж, но ако веќе зборуваме за тоа, тогаш ајде да почнеме од самата држава. Колку луѓе се ангажирани по различни државни институции со договор за дело, и за кои не се плаќат никакви придонеси? Колку луѓе се ангажирани во сите општини со договор за дело, кои што работат со години, не се плаќаат никакви придонеси и со првата смена на власт ќе ги сменат?“

Според универзитетскиот професор Семи Бислими треба да се внимава кога се зборува за давачките за хонорарно ангажираните работници – да се прави разлика дали тие се невработени или вработени.

„Воведувањето на мерката за плаќање на социјални придонеси за хонорарците сметам дека е добра мерка, од причина што голем број од нив немаат никакво социјално осигурување. Негативните импликации од ваквата мерка е тоа што, домашните компании ќе бидат изложени на дополнителни издатоци, и тоа во услови кога истите се соочуваат со зголемени цени на сите фактори за производство. Нашите компании немаат способност да ги амортизираат ценовните шокови, со зголемено производство на единица време (факторска продуктивност) од причина што, ниското ниво на инвестиции создаде т.н. временска дистанца во примената на нови знаења и технологии“

И досега имаше обиди за „оданочување “ на лицата ангажирани хонорарно, со договор на дело, но рекциите во јавноста беа жестоки а предупредувањата беа во насока дека овој модел наместо да ги зголеми буџетски приливи и да обезбеди социјална сигурност само ќе ја стимулира “работата на црно“.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска