(Анализа) Буџет 2022: Колку пари и за кои проекти ќе се трошат догодина – училишта, гасификација, болници!

Од:

„Значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура – Коридор 8, инвестции во Коридорот 10  физибилити студија за изградба на патот ТетовоПризрен, изградба на автопатска делница Скопје-Блаце, гасовод меѓу Скопје и Косово, Македонија и Грција“ – ова се дел од планираните јавни инфраструктурни инвестиции планирани со новиот Буџет за 2022.  „Порталб“ го анализира Развојниот дел на Буџетот кој ги опфаќа планираните јавни инвестиции.

Министерството за образование  и догодина  преку развојната компонента ќе има пари за инвестиции во училишта, спортски сали, училишни и студентски домови. Така за изградба и реконструкција на основни училишта предвидени се 5,5 милиони евра – најголем дел за реконструкција на училишта додека за спортски сали во основни училишта предвидени се 6,5 милиони евра. За изградба и реконструкција на средни училишта предвидени се 2 милиони евра а за спортски сали во основните училишта 25 000 евра. За реконструкција на студентските домови предвидени се 400 000 евра додека пак за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови со новиот Буџет планирани се средства во износ од 4,2 милион евра.

И со новиот Буџет за 2022 година предвидени се старо-нови проекти во Министерството за здравство– конкретно за реконструкција и доградба на објектите на Јавните здравствени установи како охридската специјална болница “Цвети Ерзамо“, за градежни активности во Општа болница Струмица, Поликлиника Сарај, за Клиника за хируршки болести Св.”Наум Охридски” – Скопје; Клиничка болница Битола, за  КАРИЛ и други планирани се 4,2 милион евра, за медицинска опрема 5 милиони евра, за амбуланти во рурални подрачја 8 000 евра, за општа болница Кичево скоро 1 милион евра а за долго најавуваниот нов клинички центар во Скопје и Штип 9 милиони евра.

Клучни развојни ставки преку Министерството за локална самоуправа се  прекугранична соработка за што се планирани 1,8 милион евра и рамномерен регионален развој со планиран износ од 4,4 милион евра.

 За развојните проекти поврзани со финансиска поддршка на општините, преку Министерството за финансии се обезбедени 7 милиони евра, за регионален развој 1,4 милион евра, за рурален развој 12,3 милиони евра а преку ИПА 2 – инструмент за претпристапна помош планирани се 42,5 милиони евра.

Преку Министерството за економија за гасификацијата – конкретно за  дополнителните инвестициони вложувања и трошоци за проектите кои се во тек на реализација како и за трошоците за идните проекти поврзани со гасификацијата планирани се 10,1 милион евра а за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија одвоени се 1 милион евра.

Дирекција за технолошки индустриски развојни зони кој е клучната институција за странските директни иневстции во 2022 за проекти и за изградба на инфраструктура во слободните економски зони ќе има на раполагање 10,1 милион евра.

Министерството за внатрешни работи за реформи во полицијата – креирање на современа полиција, согласно ЕУ стандардите, одржување на поволна безбедносна состојба, спроведување на владеење на правото согласно националното законодавство догодина ќе може да потроши 7,4 милиони евра а за изградба, реконструкција и адаптација на објекти на полициските станици, граничните премини и сместувачките капацитети на МВР на располагање ќе бидат 3 милиони евра.

Министерството за одбрана преку развојниот дел на Буџетот догодина преку ставката “Интеграција во НАТО“ ќе има на располагање скро 84 милиони евра.

Преку Министерството за животна средина, следната година за Дојранското езеро се предвидени 763 000 евра додека за колекторски систем Охрид и Струга не се предвидени средства – за оваа намаена проектирани се суми во 2023 и 2024 година.

Со позначајни суми за капитални расходи располага Министерството за транспорт и врски – за олеснување на трговија и транспорт предвидени се 6,5 милиони евра, за локални патишта 12 милиони евра, за  водовод и канализација за општините 3,7 милиони евра, за водоснабдување и одведување на отпадни води 7,3 милион евра, за стартешкиот енерегтски проект гасификација 4,5 милион евра а за инвестиции во железничката инфраструктура  42 милиони евра.

Преку Министерството за земјоделство за хидросистемот Злетовица одвоени се 3,5 милион евра, за хидросистемот Лисиче 500 000 евра а за наводнување на јужна долина на Вардар 2,6 милион евра и позначајна сума од 5 милиони евра е предвидена за наводнување на територијата на целата држава. Преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за поддршка на рурален развој предвидени се 18,2 милион евра а за рурален развој 5,7 милион евра.

За Јавното обвинителство одвоени се 5,5 милиони евра конкретно за спроведување односно имплементација на Законот за кривична постапка. Агенцијата за вработување за поттикнување на  вработувањето ќе располага со скоро 28 милиони евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска