Американските авио-превозници добија дозвола за прелет над територијата на Русија

Од:

Американскиот Стејт департмент објави дека руската влада одобрила голем број барања на американските авиокомпании за летови, но некои карго и патнички авиокомпании бараат дополнителни летови. Овој месец трговската организација, која ги претставува главните американски превозници на патници и карго, побара од Стејт департментот итно да одговори на потребите на авиокомпаниите и да ги обезбеди правата за летање над рускиот воздушен простор.

Во писмото од 14 октомври, „Ерлајнс за Америка“, што ги застапува „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“ и други компании, побара од државниот секретар Ентони Блинкен да интервенира, предупредувајќи дека без таква акција, нивниот бизнис ќе биде неефикасен и оптоварен и тоа би можело да ги принуди да прекинат некои летови и да ја загрозат нивната позиција на пазарот.

Претставници на Стејт департментот потврдија дека го добиле писмото вчера дека Русија ги одобрила барањата на американските превозници за прелет минатата недела. Дополнително, тие изјавија дека продолжуваат разговорите со надлежните руски власти за да се овозможат дополнителни можности во авиосообраќајот за американските авиопревозници, но министерството одби да каже колку точно летови се одобрени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Руски воени авиони во близок контакт со американски дронови над Сирија

Катерина Ѓуровски

Американците пресретнале четири руски авиони кај Алјаска

Катерина Ѓуровски

Русија и се заканува на американската амбасада во Москва

Песков: Односите меѓу Русија и САД и натаму се во жалосна состојба

Катерина Ѓуровски

САД утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета, ја информирале Русија

Замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и и Вашингтон за стратешка стабилност