Американската економија ќе опадне за 30 отсто во вториот квартал, смета Џенет Јелен

Од:

Поранешната претседателка на американските федерални резерви (ФЕД), Џенет Јелен смета дека пандемијата на коронавирусот ќе и нанесе „апсолутно шокирачки штети“ на американската економија во претстојните месеци.

„Ова е огромен, разорен, удар без преседан“, изјави Јелен за „Си-Ен-Би-Си“ додавајќи дека стапката на невработеност во земјата веројатно веќе изнесува околу 12 или 13 отсто и можеби и оди нагоре, бидејќи милиони Американци секоја недела остануваат без работа.

Таа наведе дека американското БДП најмногу ќе биде погоден од април до јуни, проценувајќи дека економскиот пад во вториот квартал ќе изнесува дури 30 отсто.

Јелен изрази и извесен сомнеж дека економското заздравување во САД ќе биде во форма на латинската биква „V “, што значи дека по остриот пад ќе следи и агресивен раст, кога компаниите повторно ќе ги придвижат своите активности по пандемијата, но не го отфрли целосно ваквото можно сценарио.

„Се ќе зависи од тоа колкава ќе биде штетата и колку време економската активност ќе биде згасната, онака како што е сега“, рече Јелен.

Од тоа, додаде таа, ќе зависи дали работодавачите ќе можат брзо да ги вратат работниците на работа и дали финансиите на потрошувачите ќе бидат такви да можат да и се вратат на потрошувачката кога мерките за физичко дистанцирање ќе бидат укинати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски