Американска компанија заинтересирана да инвестира 800 милиони евра во Косово

Од:

Претседателот на косовскиот Независен синдикат на приватниот сектор, Јусуф Аземи објави денеска дека американската компанија за копови и рудници „Американ експлорејшн енд мајнинг ЛЛЦ“ („American Exploration and Mining LLC“) има намера да инвестира 800 милиони евра во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната вонредна прес-конференција, Аземи изјави дека ова е најголемата инвестиција на Балканот, со која ќе се овозможи вработување на пет илјади работници директно и до 20.000 индиректно.

Минималната плата, според него, ќе биде 800 евра, а ќе има и дополнителни додатоци и бонуси.

Синдикатите на приватниот сектор бараат од Владата да ѝ издаде на компанијата дозвола за работа што е поскоро можно, а нагласуваат дека и Амбасадата на САД во Косово препорачува реализација на проектот.

– Бараме од Владата на Косово да ѝ пружи поддршка и сè што е потребно согласно косовските закони, затоа што тие доаѓаат тука според законите кои се во сила. Американската амбасада ѝ препорача на Владата да го помине овој проект и ние немаме никакви сомнежи кога во тоа е инволвирана Американската амбасада. Ние сакаме да го истуркаме овој проект врз законски основи и не сакаме да ни побегнат инвеститорите, рече Аземи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он