„Американ ерлајнс“ ќе отушти 19.000 вработени ако не добие поголема помош од државата

Од:

Американскиот авио-гигант „Американ ерлајнс“ соопшти дека од 1 октомври ќе отпушти или ќе испрати на принуден одмор 19.000 вработени, освен ако воздухопловната индустрија не добие поголема помош од Конгресот.

Најголемата авиокомпанија во светот, која оваа година имаше 133.700 вработени, предупреди дека нивниот број ќе треба да го намали за најмалку 40.000.

Американ ерлајнс наведува дека 12.500 вработени се согласиле да ја напуштат компанијата со тоа што ќе одат порано во пензија или со отпремнина, додека други 11.000 се согласиле во октомври доброволно да одат на отсуство.

– Дури и со овие жртви, околу 19.000 членови на нашиот тим ќе бидат испратени на принуден одмор или ќе бидат отпуштени од компанијата на 1 октомври, освен ако не се продолжи сојузната помош, се вели во писмото на извршниот директор Даг Паркер и претседателот Роберт Аизом до вработените.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените предупредуваат: Можни се отпуштања без државна помош и поевтина струја

Орце Костов

Букинг ќе отпушти 4.000 вработени поради пандемијата

Жарко Настоски

„Веибо груп“ отпушти 85 вработени, од најавени 5.600 работни места нема ништо

Ана Ололовска

ТВ Нова отпушта 35 вработени, наскоро нов бран отпуштања

А1он