„Амазон“ вработува 75.000 луѓе во САД и Канада, ќе им даде по 100 долари на вакцинираните

Од:

Американскиот гигант во електронската трговија, „Амазон“, денеска најави дека ќе отвори 75.000 работни места низ својата мрежа на магацини и дистрибутивни центри во САД и Канада.

Компанијата исто така соопшти и дека ќе им понуди бонус од 100 долари на нововработените кои имаат потврда дека се вакцинирани против Ковид-19.

Амазон додаде дека ќе понуди просечна почетна плата од 17 долари на час на тие работни места, што е одраз на неодамнешното зголемување на платата во опсег од 50 центи до три долари на час за повеќе од половина милион вработени во САД кои работат во таа компанија, објави Си Ен Би Си.

Нудењето разни поволности за привлекување работници е сè пошироко распространет феномен меѓу американските фирми, кои бараат квалификувана работна сила на пазарот на трудот.

Некои компании тврдат дека имаат проблем да најдат работници, објаснувајќи дека тоа се должи на зголемените бенефиции кои ги уживаат невработените. Критичарите велат дека работодавачите треба да размислат за зголемување на платите со цел да ги привлечат работниците.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама