Амазон ќе вработи уште 100.000 работници

Од:

Американскиот дигитален гигант „Амазон“ денеска соопшти дека ќе ангажира дополнителни 100.000 работници во САД и Канада за да бидат во чекор со силното темпо на побарувачката за купување преку Интернет во период на пандемија.

Ова ќе биде четврти циклус на вработување оваа година во најголемата светска интернет продавница, која планира да ангажира работници со полно и скратено работно време во 100 нови магацини и оперативни филијали што ќе бидат отворени овој месец.

На крајот на јуни, „Амазон“ имаше 876.800 работници, не сметајќи ги подизведувачите и работниците на определено време.

Работниците ќе бидат ангажирани за прифаќање, пакување и доставување производи до дома.

потпретседателката Алисија Болер Дејвис рече дека компанијата паралелно воведува и автоматизација во најновите згради.

– Ќе продолжиме да ја применуваме технологијата таму каде што е соодветно и каде што можеме да го подобриме целокупниот тек на работа, рече Дејвис.

Таа истакна дека компанијата, покрај најавените нови 100.000 работни места, ја проценува и потребата за сезонско вработување во текот на зимата.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници