„Амазон“ го купува холивудското студио МГМ за 8,5 милијарди долари

Од:

Американскиот гигант за интернет трговија „Амазон“ го купува холивудското филмско и телевизиско студио Метро-Голдвин-Маер (МГМ), од кое излегоа плејада филмски хитови во изминатите речиси 100 години.

Амазон ќе плати 8,45 милијарди долари за МГМ, што ќе биде втора по големина трговска зделка на гигантот, по купувањето на ланецот супермаркети Хол Фудс (Whole Foods) за 13,7 милијарди долари во 2017 година.

Ова е најново купување во индустријата на медиуми, чија цел е зајакнување на стриминг услугите во конкуренцијата со Нетфликс и Дизни Плус. AT&T и Дискавери на 17 мај соопштија дека ќе ги спојат своите медиумски компании за да формираат силна група која ги вклучува HGTV, CNN, Food Network и HBO.

Амазон не наведува колку луѓе го гледаат неговиот Прајм видео сервис, но пристап имаат повеќе од 200 милиони затоа што се зачленети во Прајм членството на Амазон, преку кое добиваат побрзи испораки и други поволности.

Покрај Prime Video, Амазон има и бесплатен стриминг сервис наречен IMDbTv, каде што Амазон заработува со пуштање реклами за време на филмови и серии.

Купувањето на студиото МГМ му овозможува на Амазон пристап до дополнителни филмови, серии и познати ликови, како што се Роки, Робокоп и Пинк Пантер. Амазон ќе го добие и кабелскиот канал Епикс (Epix) во сопственост на MGM.

Познат по своето лого со лавот Метро-Голдвин Мејер (МГМ) е едно од најстарите холивудски студија основано во ерата на немиот филм, во 1924 година. Има долг список на класици што ги поседува, вклучувајќи го и „Singin‘ in the Rain“, а меѓу поновите се вклучени телевизиските серии Shark Tank, како и новиот филм за Џејмс Бонд „No time to die“ и филмот за Арета Френклин „Respect“.

Амазон има свое студио, но со него не го постигна очекуваниот резултат. Две од неговите телевизиски серии – „Marvelous Mrs. Maisel“ и „Fleabag“ добија Еми награди за најдобра комедија, но многу филмови слабо поминаа во кино салите.

Со ова купување, Амазон, која е веќе една од најмоќните и највредните компании во светот, ќе стане уште поголема.

Амазон е основана во 1995 година како онлајн книжарница и стана гигант вреден 1.600 милијарди долари, кој работи од се по малку. Тој има мрежа за испорака што испраќа стоки до клиенти за два дена или помалку, продава инхалатори и инсулин, има бизнис со „клауд“ кој го користат апликациите на „Нтефликс“ и „Мекдоналдс“ и планира да испрати повеќе од 3.200 сателити во вселената за да обезбеди Интернет сервис во светот. јт/

2021-05-26 19:56:23, од Јасмина Тасевска

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници