АМАН: Лопови, нема да ви плаќаме веќе

Од:

Граѓаните, организирани од движењето АМАН и преку социјалните мрежи, незадоволни од ноивите пооскапувања на струјата, бензините и парното, вечерва се собраа пред Регулаторната комисија да го изразат својот револт, извигувајќи „Лопови, нема да ви плаќаме веќе“.

Побараа да се врати евтината днeвна тарифа, да се врати цената на струјата од 2008 година, да се укине ставката „ангажирана моќност од 33 проценти“ во сметките за струја, да се врати цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на АД Топлификација, да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење, да се запре со приватизација или докапитализација на целосниот енергетски сектор во сопственост на Република Македонија, да се инвестира во одржливи извори на енергија, геотермална енергија, енергија на ветер и соларна енергија.

Организаторите најавија дека доколку не се исполнат овие услови, од следниот вторник ќе има вистински социјален бунт. Секој вторник во 18. часот граѓаните ќе се собираат пред Регулаторната комисија, за која велат дека ги краде парите од граѓаните со нереално високите цени.

Професорот Томе Грујовски не гледа реална причина за зголемување на цената на електричната енергија. Професорот тврди дека со овој потег Регулаторната комисија сака да ги надомести, со пари од граѓаните, 200-те милиони евра за увоз на струја.

Револтираните граѓани од пред Регулаторната комисија движејќи се по улиците на Скопје, дојдоа и пред Владата на Република Македонија за да го изразат својот револт.

 

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство