Албанија за увоз на струја до сега потрошила 305 милиони евра

Од:

Енергетската криза силно ја погоди Албанија, која произведува електрична енергија само преку хидроелектрани, па поради долготрајната неповолна хидролошка состојба е принудена да увезува многу поголема количина, споредено со минатата година.

Во изминатите осум месеци од годинава државната електрокорпорација, КЕШ, за задоволување на потребите увезла струја во вредност од 305 милиони евра, наспроти 285 милиони евра за цела 2021 година.

Состојбата не изгледа оптимистичка во услови кога зимата е близу, а потребите за енергија уште поголеми, што ќе ја направи сметката поголема доколку има и недостиг од врнежи, за да се подобри хидролошката состојбата. Доколку продолжи високата цена на струјата на пазарот, најоптимистички износ кој ќе треба Владата да го издвои е околу 600 милиони евра, објавија албанските медиуми.

Нивото на хидроцентралата „Фиерза“, најголема меѓу трите на каскадата на реката Дрим, што е втора по големина на Балканот, е на од околу 270 метри што е под историскиот просек, додека енергетската резерва е 499 мегаватчасови.

Албанското Министерство за енергетика пред неколку дена почна кампања на социјалните мрежи за подигање на свеста за заштеда на енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви