Албанија во 2022 година ја посетиле 7,5 милиони странски туристи

Од:

Албанската министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро објави дека минатата година Албанија ја посетиле 7,5 милиони странски туристи.

Според неа, нивниот број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност.

Кумбаро истакна дека покрај зголемениот проток на посетители интересни се и податоците за географијата или земјите од кои доаѓаат туристите.

– Имаме 85 отсто повеќе посетители од Англија, 3,7 пати од Шпанија, двојно повеќе од Словенија, трипати повеќе посетители од Холандија, 84 отсто од Турција; двапати од нордиските земји и секако гостите од Косово кои се наш најсилен столб, наведува Кумбаро.

Таа додаде дека истиот тренд го покажуваат и посетителите од Балканот, од Северна Македонија и од Црна Гора, додека за над 50 отсто е зголемен бројот на туристи од Романија, Хрватска и Бугарија.

– Бескрајна благодарност до целиот туристички сектор и засукајте ги ракавите за оваа година. Имаме најголема обврска да понудиме максимален квалитет во услугата, посочува Кумбаро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски