Акција за нaсочување на младите кон машинска индустрија

Од:

Заедничка координирана акција на стопанството, институциите, општините, учениците и родителите започнува со Првиот училишен саем на машинска и енергетска индустрија – „Како до квалификуван кадар за пазарот на труд“, кој ќе се одржи на 10 и 11 мај во средното училиште на град Скопје „ЕМУЦ 8. Септември“.

Целта на училишниот Саем на кој ќе се прeтстават домашни и странски компании од машинската и енергетската индустрија од општината Гази Баба е подигнување на свеста кај младите за важноста на овие струки, потребата од кадар како дефицит на пазарот на труд, кој треба да се сфати како сериозна можност на учениците за сигурни вработувања по завршување на образованието во компаниите во нашата земја. Согласно истражувањето на Центарот за меѓуетничка толеранција, Гази Баба и фондацијата Фридрих Еберт, во 130 компании утврдено е дека 874 квалификувани кадари од машинската и енергетската индустрија, моментално се потребни за компаниите во Скопје.

Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори, согласно анализите истакна дека голема е потребата кај компаниите за машински и електро струки поточно од заварувачи, ракувачи на градежна механизација, оператори и програмери на ЦНЦ машини, ИТ техничари, бравари, водоинсталатери, електро техничари, пекари, ѕидари, одржувачи на хигиена.

„Дополнително компаниите пројавуваат интерес и за високостручен кадар како машински, електро, технолошки, хемиски и информатички инжинери, лабораториски биоинженери, фармацевти. Согласно анализите на Сојузот за потребите од дефицитарен кадар на национално ниво, бројката на побарување е четирицифрена. Во оваа насока, потребна е консолидирана оценка за потребите на стопанството и човечките потенцијали во земјата со можност за преквалификации, а долгорочно стратешка промена на севкупниот образовен систем. Реформите во образованието и наставните програми треба да ги следат потребите на стопанството и адекватно на тоа да се насочува и идниот кадар кој треба да биде активен на пазарот на труд. Само на тој начин би имале систем кој функционира, а едно од можните решенија е воведување на дуалниот систем на средното стручно образование или учење преку работа со системска поддршка и субвенции за учениците, кои би се определиле за таков вид образование, истакна Кулебанова.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека целта на овој училишен саем е подигнување на свеста кај младите за да можат по завршувањето на своето образование да бидат вработени во компаниите, односно да го поминат процесот на дуaлно образование и да стекнат вештини со кои ќе бидат по конкуретни на пазарот на труд.

„Состојбата во средните училишта на територија во Гази Баба е загрижувачка, ако земеме предвид дека во учебната година 2005 – 2006 вкупно биле запишани 4191 ученик, а денес во учебната 2018-2019 година бројот на запишани ученици да изнесува 1340 деца. Овие бројки говорат дека бројот на запишани ученици во средните стручни, односно занаетски училишта, од година во година се намалува, а тоа отвора голем проблем од недостаток на работна сила во бизнис секторот. Податоците велат дека имаме и 409 млади лица до 29 години кои се уште се без работа на територија на општината, односно се водата како активни баратели. Заедно со Агенцијата за вработување имаме за цел да и на овие млади лица им ја понудиме нашата програма за дуелно образование и прекфалификација. Токму затоа овој процес на дуелно образование треба да даде шанса на секој еден млад човек да се стекне со соодветни квалификации и со тоа полесно да стигне до работа“, изјави Георгиевски.

На прес конференцијата беше истакнато дека техничкиот кадар е повеќе од потребен и дека со оваа конкретна заедничка акција која е само почеток, ќе се успее да се даде акцент на важноста од овие струки, кои се неопходни, за кои се повеќе има сигурни работни места, а со оглед на самиот дефицит и потреба од таков кадар на пазарот природно се подигнува цената на трудот.

Во рамки на Саемот ќе бидат организирани неколку јавни дебати на значајни теми за недостатокот на квалификуван кадар, иселување на младите од земјата, безбедносни аспекти на учениците, како и за средношколскиот стучен кадар за потребите на компаниите од машинската индустрија.

Би можело да ве интересира

Откриен уште еден пријавен случај на рекет

Ана Ололовска

Арсовска во Кина: Договор за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит

Ана Ололовска

Милошевски: Фирмите не ја користат доволно арбитражата за решавање спорови

Ана Ололовска

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Ана Ололовска

Арсовска: Во соработка со стопанството да се одреди начинот за избор на најповолна понуда за јавните набавки

Ана Ололовска

Медијаторство – брз, ефикасен и поевтин начин за решавање спорови

Ана Ололовска