Акција на ЈП „Водовод и канализација“: Долговите ќе можат да се плаќаат на рати без пресметка на камата до 15 март

Од:

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ спроведува акција со која долговите кои сите правни и физички лица ги имаат кон претпријатието може да се платат на рати без пресметка на камата.

Акцијата за подмирување на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од денес (01.02.2022 година), а заклучно до 15.03.2022 година. Со оваа акција на сите корисници им се овозможува истите да ги исплатат на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот.

Сите заинтересирани корисници кои што имаат заостанат долг кон ова претпријатие, во наведениот период треба да аплицираат за склучување на договори за исплата на долг без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Од претпријатието апелираат до граѓаните, поради ковид пандемијата, да ги почитуваат протоколите при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

За дополнителни информации за поволностите од оваа акција граѓаните можат да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција;

[email protected];

– www.vodovod-skopje.com.mk;

– www.facebook.com/jpvodovod.skopje;

Би можело да ве интересира

Нема да има зафат во Рашче, скопјани денеска ќе имаат вода

Катерина Ѓуровски

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Саниран дефектот кој остави без вода поголем дел од центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Вода во Скопје може да се плаќа и на апарати поставени низ градот

Катерина Ѓуровски

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Скопјани ќе плаќаат 29,5 денари месечно повеќе ако ЈП Водовод ја прифати максималната тарифа на Регулаторна

Орце Костов