Агенцијата за катастар незаконски унапредила 128 службеници

Од:

Во 2016 година во Агенцијата за катастар на недвижности, незаконски биле унапредени 128 службеници. Ова го пишува во Извештајот на државниот ревизор на основниот буџет на Агенцијата за Катастар на недвижности. Наведено дека вонредниот инспекциски надзор кој го спровел Државниот управен инспекторат покажал оти 128 административни службеници незаконски напредувале во повисоки позиции.

Одговорното лице на Агенцијата не ја спровело постапката за унапредување на вработените во согласност со одредбите предвидени во Законот за административни службеници. Во тоа време директор на Агенцијата за катастар беше Славче Трпевски.

Во извештајот на државниот ревизор пишува: „Не е доставено барање за започнување постапка за унапредување административен службеник од страна на организациската единица надлежна за управување со човечки ресурси во институцијата, до раководното лице на институцијата и не е обезбедена согласност од Министерството за финансии за потребните финансиски средства. Не е објавен интерен оглас на веб-страницата на Агенцијата, не постојат пријави за унапредување со приложени докази, не е формирана комисија за селекција на унапредувањата…“

Ревизорот ја задолжил Агенцијата за катастар со решение да преземе мерки и активности за отстранување на утврдените неправилности и за враќање на унапредените на работните места пред да бидат унапредени, а со тоа, носење решенија за распоредување и определување плата во согласност со Закнот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

Орце Костов

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот