Администрацијата од утре ќе проветрува за да заштеди најмалку шест милиони евра

Од:

Државните институции од утре ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15% во однос на истиот период од претходната година, во спротивно со одлука на Владата ќе бидат санкционирани.

Министерството за економија кон средината на август донесе сет препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична енергија кои ќе бидат на сила од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година.

Лани за период од шест месеци во грејната сезона, потрошувачката на сите институции била 130 милиони киловат-часови, соопшти Бектеши. Заштедата за оваа година се очекува да биде 15% или 19,5 милиони киловат-часови за шест месеци.

Просечната цена на киловат-час во јануари, февруари и март 2022 годна за потрошувачите кои се снабдуваат од Снабдувач во краен случај, односно на слободен пазар, била 21 денар. Пресметките покажуваат дека институциите ќе можат да заштедат најмалку шест милиони евра во текот на зимскиот период. Сепак се зависи од договорите кои секоја институција ги има со својот снабдувач.

„Најголема заштеда се очекува од институциите кои во моментов се снабдуваат од снабдувач во краен случај. Кај нив тарифа за електрична енергија се пресметува како вредност на цената на берзата на HUPEX, зголемен за 50 %. Поради тоа се очекува овие институции најмногу да внимаат на потрошената електрична енергија. Сумата која ќе се заштеди не можеме да ви ја дадеме бидејќи секоја институција има различни договори со својот снабдувач“, рекоа за „А1он“ од министерството за економија.

Институциите треба да ангажираат лица кои ќе се грижат дали ова ќе се спроведува и истите секој месец ќе доставуваат извештаи до Владата за потрошувачката на енергија. до 31 март 2023 година.

Од министерството за економија рекоа дека нема да се ангажираат лица од надвор за спроведување на планот за заштеда, туку за тоа ќе биде задолжен некој од вработените.

„Ние ја имаме потрошувачката на секоја институција и ќе ги објавиме споредбите колку секоја од нив потрошила сега во однос на истиот месец од 2021 година. Заштедата во kWh се очекува да биде околу 15%. Првата контрола за тоа дали се штедело ќе биде околу 15 октомври. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат санкции за институциите со посебна одлука на Владата“, рекоа за „А1он“ од министерството за економија.

Државните објекти кои се во сопственост на централната власт од утре ќе мора да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење која почнува од 15 октомври, не повисоко од 20 степени.

„Кратко и интензивно проветрување, исклучување на осветлувањето, да се исклучат сите компјутери по завршување на работата. Да се печатат само неопходни документи, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, се препорачува менување на ПВЦ-прозорци каде што е можно. Во делот на јавните патишта треба да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти“, се препораките на министерството за економија.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов