АД ЕСМ: Нема зголемување на цената на електричната енергија која ќе му ја продаваме на универзалниот снабдувач

Од:

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Компанијата по истата цена како и досега ќе му нуди електрична енергија на универзалниот снабдувач кој е задолжен за надмирување на потребите на домаќинствата и останатите корисници кои останаа на регулираниот пазар на струја.

-По одржаната аукција избрана е понудата на АД ЕСМ за 1.408.525 мега-ват часови електрична енергија по цена од 34,5 евра за мега-ват час за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 и 60 мега-вати базна моќност по цена од 34,5 евра за мегават час за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020, соопшти АД ЕСМ.

Од компанијата порачуваат дека ја задржале истата цена како и во изминатиот период.

-Понудената цена беше утврдена од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, за што беше известена Владата како сопственик, која го задолжи ЕСМ на аукцијата да ја понуди утврдената цена. Сакаме уште еднаш да нагласиме дека за нашата електрична енергија понудивме цена којашто ќе овозможи цената која граѓаните ја плаќаат на крајот да биде прифатлива и непроменета за нив, а без финансиски последици за АД ЕСМ, велат од ЕСМ и додаваат дека и годинава како и лани остваруваат значајна добивка.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ