АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани

Од:

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на енергетскиот форум МЕФ 2021.

„Над 70% од нашето производството во моментов доаѓа од јаглен, и тоа за нас е голем императив да спроведеме брза енергетска транзиција, но која мора да биде и праведна, односно вработените да останат во компанијата со работни задачи соодветни на промената во производството. Работиме на ширење на нашето производно портфолио, пред се во делот на обновливите извори на енергија“, изјави директорот Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека фотонапонските електрани ќе се градат во еден дел како сопствени инвестиции на АД ЕСМ, а во еден дел како јавно-приватно партнерство.

Покерај производните капацитети од ветер и сонце, беше нагласено и значењето на поседувањето што почисти производни капацитети за базна, балансна енергија, за што беа наведени планираната гасна електрана во РЕК Битола, проширување на гасната електрана Енергетика во Скопје, планот за пренамена на ТЕЦ Неготино во електрана на гас и изградбата на големата хидроелектрана Чебрен.

За Чебрен до крајот на годината се очекува првичен договор кој би бил основа за јавно-приватно партнерство со една од 9-те квалификувани компании кои аплицираа на јавниот повик да бидат партнери на АД ЕСМ за изградба на овој капитален проект, соопштува АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Врв на криминалот во ЕСМ-Избрана е поскапата понуда на омилената фирма Марковски за ископ на јаглен во вкупен износ од 46 милиони евра