8.700 граѓани го донирале повратот на ДДВ, над 35 илјади решиле да си ги задржат парите

Од:

8.700 лица одлучиле да се откажат од парите по основ на поврат на ДДВ и да ги донираат во борбата против Ковид-19, додека 35 219 граѓани се изјсниле дека сакаат да ги задржат парите од скенираните фискални сметки, информираат од Упрвата за јавни приходи за „А1он“. Се изјасниле само 43 919 граѓани од 262.030 регистрирани корисници колку што се ажурирани со последниот пресек до месец март. Според податоците на УЈП по основ на донација од граѓаните кои се откажале од парите од ДДВ, собрани се 9 711 296 денари или приближно 160 илјади евра.

При тоа граѓаните кои сакаа да ги донираат парите за ДДВ-то за месеците јануари, февруари и март кликнале на опцијата ,,Да го донирам мојот поврат на ДДВ“, а оние кои сакат да ги задржат на опцијата “Не благодарам“. Можеа да се изјаснат од 25 април заклучно до вчера.

Граѓаните кои воопшто не одговориле на апликацијата, ќе се смета дека не сакаат да ги донираат парите од фискалните сметки и како и на оние кои се изјасниле против парите ќе им бидат исплатени.

Како што информираат од УЈП, во тек се подготовките за исплата на средствата од скренираните фискални сметки за првото тромесечие и граѓаните ќе може да ги очекуваат до првата половина на мај.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов