7 места кои се „tantissimo“ убави и мора да ги посетите во Италија

Од:

Италија е рај за секој патник. Нарекувана Bel Paese, што значи прекрасна земја, Италија е, всушност, петтата најпосетувана земја во светот, која ги привлекува туристите со својата разновидност, изобилува со градови со “tantissimo“ познати знаменитости, градови на вода и прекрасно крајбрежје.

Овие се седумте места кои мораш да ги посетиш доколку патувате низ Италија:

  1. Рим и неговата историја

Главниот град на Италија не е изграден за еден ден и ќе ти треба повеќе од еден ден за да можеш да ја почувствуваш магијата на овој безвременски град. Познат како „вечниот град“, Рим изобилува со многу познати историски знаменитости, како Колосеумот, Пантеонот на Агрипа со огромната купола или Римскиот форум. Да не ја заборавиме Фонтана ди Треви, во која можеш да фрлиш паричка, како и големиот број на плоштади, пазари и “tantissimo“  многу уметнички галерии. Рим е место, што треба да го доживееш со талкање по улиците со калдрма на Трастевере, уживајќи во совршеното еспресо и сладолед.

  1. Фиренца – престолнина на ренесансата

Еден од “tantissimo“ романтичните европски градови, Фиренца, сè уште ужива во славата на ренесансната уметност и архитектура. Главниот град на регионот Тоскана, ги фасцинира туристите со Форте ди Белведере, од каде како на дланка ќе можеш да ја видиш цела Фиренца, куќата на Данте Алигиери, Давид – најпознатата скулптура на Микеланџело, мостот Понте Векио, како и големиот број  истакнати музички галерии.

  1. Венеција градот на романтичарите

Венеција е најнеобичниот и најромантичниот град во Италија, затоа што се наоѓа на вода. Еден од фасцинантните факти за Венеција е дека градот едвај има патишта за автомобили, па затоа мораш да го истражиш пеш или со гондола, за да ја откриеш хипнотизирачката убавина, бидејќи целиот град се протега по “tantissimo“ многу канали. При посетата на Венеција задолжително посети го Плоштадот Свети Марко (Piazza San Marco), познатата палата Дукал и Базиликата Свети Марко (Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco) и уживај  во градот на маските и венецијанското стакло, од кое се креираат едни од најпопуларните колоритни украси што ги купуваат туристи од целиот свет.

  1. Милано култура и ноќен живот

Космополитски град за бизнис, иновации, но и  срцето на италијанската мода. Милано е дестинација број еден за љубителите на модниот свет, но претставува и најдобар град за запознавање на италијанската култура и ноќен живот. Една од главните туристички атракции е Катедралата Милано (Duomo di Milano), која е готско ремек-дело, старо над 650 години. Останати места, кои вредат да се посетат се плоштадот Дуомо, најпопуларната опера Ла Скала, замокот Сфорца, кој се наоѓа во Паркот Семпионе – ботаничкиот скапоцен камен на Милано и, секако, Сан Сиро или Џузепе Меаца, домот на двата големи фудбалски тима Милан и Интер.

  1. Брегот Амалфи – летно доживување

Брегот Амалфи, кој е популарен по огромното крајбрежје е преполн со мали светкави плажи и рибарски села со пастелни нијанси. Сместени среде синото море и спуштените карпи, прекрасните градови Позитано, Атрани и Равело, нудат возвишен поглед на ридот. Овие живописни крајбрежни градови се сместени на планини, од каде можат да се видат лавиринти од скали и тесни улички што ги поврзуваат градовите со плажите и камчињата од брегот Амалфи. Терасните градини и градините со лимон во Конка деи Марини се, исто така, меѓу главните атракции на овој брег.

  1. Тоскана – винови лозја и рамнини

Сместена во срцето на Италија, Тоскана е позната по “tantissimo“ големиот број на  рамнини и винови лози, како и брилијантната уметност и архитектура од времето на ренесансата. Од убавините на градовите Сиена, Лука, Кортона или Пиза, следно можеш да уживаш во големите сесии за дегустација на храна и вино. Големиот број на музеи содржат “tantissimo“ многу скулптури и слики, кои заеднички природно креираат уникатно искуство на рурално живописна средина. Тоскана е неверојатно место во Италија кое има шармантни вибрации и прекрасен поглед кон природните убавини.

  1. Помпеја – закопаниот град

Античкиот град Помпеја се наоѓа во близина на Неапол и бил  затрупан од ерупцијата на вулканот Везув во 79 година. За Помпеја не се знаело 1600 години, сѐ додека не бил откриен случајно во 1748 година. Поради ненајдената ерупцијата на Везув, градот е останат  во таква состојба каков што бил во тоа време. Ископувањата, кои се прават од неговото откривање ни даваат увид во животот на градот во зенитот на Римското Царство. Помпеја се смета за светско наследство на УНЕСКО.

Италија изобилува со уште многу места и градови кои вредат да се посетат, но овие се едни од најпосетуваните туристички места на Апенинскиот Полуостров. Доколку и ти сакаш да прошеташ на едно од овие “tantissimo“ убави места, тоа можеш да го направиш со учество во наградната игра „Ma Tantissimo со Credissimo“. Главната награда се две патувања во Италија, па токму ти можеш да бидеш еден од среќните добитници на ова патување. Повеќе информации околу наградната игра можеш да најдеш на следниот линк.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Во Credissimo веќе секој ден е Orange Day!

Прескокни ги каматите со Orange days

Како да ги прескокнеш сомнежите со Credissimo?

Последни денови од наградната игра на Credissimo – Вклучи се и добиј сега!

Кој дел на Италија е твојата следна авантура?

Многу, многу сладолед и многу, многу награди – со Credissimo сè е „tantissimo“!