63 милиони евра ќе тежи новото задолжување на Владата

Од:

Владата во вторник, 15. октомври, ќе се задолжи на домашен терен за нови 63 милиони евра. Преку две аукции на државни записи и една аукција на државна обврзница, Владата ќе се обиде да обезбеди 63 милиони евра од домашните кредитори.

60,6 милиони евра ќе треба да се обезбедат преку продажба на краткорочни хартии од вредност за кои се нуди камата од 3,15 % односно 3,60%, во зависност од валутната клаузула.

Обврзницата, со рок на доспевање од 5 години ќе се понуди со купонска камата од 4,60%.

Последното задолжување на домашен терен беше на 1. во октомври кога државата планираше да обезбеди 77 милиони евра, но на крајот од денот се задолжи со скоро 115 милиони евра или 40 тина милиони евра повеќе од првичниот план.

 

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов