„50 години од првите чекори“ јубилеен настан на АДИНГ

Од:

Годинава АДИНГ одбележува 50 години од своето постоење и основање. Како дел од целата јубилејна кампања на компанијата, се одржа и главниот настан, насловен како „50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“.

Настанот се случи во „Музејот на современата уметност“, во присуство на голем број гости, претставници на компании соработници од поширокиот регион и земјава, владини претставници, државни институции, факултети и останати научно-истражувачки институции.

50 годишната успешна приказна, беше раскажана низ една симбиоза на уметнички танцови и оперски елементи, поткрепени со уникатен визуелен перформанс од наши врвни уметници, како и краток корпоративен филм.

„Како што дел од вас нѐ нарекуваат, ние сме градежни фармацевти, ние сме превенција, но и лек за градбите. Ние сме специфично јадро сочинето од градежници, архитекти, технолози, хемичари и други професионалци, кое пред себе има поставено една цел, да бидеме „состојка на секоја градба“.

Денес по 50 изминати години на АДИНГ, од кои лично сум вклучен во него 40 години, во едно сум сигурен и истовремено горд: Имаме иднина, успеавме, пренесовме знаење! Оставивме позади нас и „заразивме“ со ентузијазам нови генерации. Денес сум убеден повеќе од било кога, дека еден ден навистина и ќе бидеме „состојка на секоја градба“! “ – изјави во својот краткор поздравен говор, генералниот директор и претседател на УО, г-дин Благоја Дончев.

Присутните имаа можност да уживаат и во ексклузивната изложба на делото „Глава на Жена“ (1963 г.) од Пабло Пикасо, дел од богатата и вредна колекција на „Музејот на современата уметност“.

АДИНГ е компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, која е основана на 30.05.1969 г. и е еден од ретките примери на домашни компании кои можат да се пофалат со 50 годишно постоење.

Со долгогодишно постојано присуство на повеќе од 13 пазари во регионот на Југоисточна Европа, но и многу пошироко, ова е еден од примерите на скриени амбасадори и промотори на нашата земја.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска