5 години Халкбанк АД. Скопје, Ви благодариме за заедничките достигнувања

Од:

Халкбанк АД, Скопје е основана на 15.3.1993 година како Акционерско друштво и универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Република Македонија под името Извозна и Кредитна банка АД Скопје.

Халкбанк АД Скопје е растечки стабилен бренд што дејствува остварувајќи ја својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги што паралелно оди со зголемување на довербата од страна на клиентите како најголем показател за успешноста.

Турскиот банкарски бренд Халкбанк во Македонија е присутен од април 2011 година. Како показател за цврстата определеност за присутност и долгорочна стратегија на развој на финансискиот сектор во Република Македонија, од самиот влез, па до крајот на 2016 година, направи значајно капитализирање, со што сопствените средства на Банката достигнаа износ од 67,5 милиони ЕУР. Имајќи ги предвид овие податоци, Халкбанк АД Скопје се позиционира на четвртото место меѓу банките во Република Македонија според големината на капиталот.

Паралелно со капитализацијата на Банката, одеа и низа инвестиции во насока на подобрување на квалитетот на услугата и достапноста на Банката до субјектите преку зголемувањето на деловната мрежа и отворањето голем број нови филијали низ целата територија на Република Македонија, каде што бројот, на крајот од 2016 година, достигна 37 модерно и комплетно реновирани филијали на локации најпогодни за клиентите, со можност за брзо завршување на дневните банкарски операции, а бројот на банкомати е двојно зголемен и на крајот од 2016 година изнесува 103. За овој период, Халкбанк АД Скопје значително го зголеми бројот на вработени, од 275 на 461 високоедуцирани, услужливи вработени во секое време на располагање на своите клиенти.

Халкбанк АД Скопје, повратно, за подобар сервис за клиентите инвестираше во широк спектар сервиси, чиешто понатамошно развивање нема да сопре. Инвестициите се состоеја во сопствен центар за обработка на податоците од картичното работење, 3Д безбедносна платформа, одлична покриеност со нови АТМ, најмодерни ПОС-терминали, инвестиција во бесконтактна технологија, инвестирање во комплетно ново електронско банкарство и мобилно банкарство за физички и правни лица, онлајн аплицирање, инвестиција во ЕРП-систем и многу други процеси, што доведоа до зголемување на трансакциите што се вршат преку новите дигитални решенија од над 55% од вкупниот број, со тренд на континуирано зголемување со цел олеснување и поедноставување на секојдневните банкарски трансакции за клиентите со високо ниво на безбедност.

Активата на Банката на крајот од 2016 година изнесува 582 мил. ЕУР, со што Халкбанк АД Скопје е рангирана во групата на петте големи банки во банкарскиот сектор на Република Македонија. Зголемувањето на активата во анализираниот периодот изнесува речиси 4 пати.

Стабилноста на Халкбанк АД Скопје во изминатите 5 години беше препознаена од страна на клиентите што растот на Банката го поддржаа со зголемување на депозитната база за 296 мил. ЕУР, за на крајот од 2016 година таа да изнесува 385,5 мил. ЕУР.

Паралелно со зголемувањето на депозитната база одеше и зголемувањето на кредитното портфолио, кое беше придружено со детална анализа на сите пазарни, економски и финансиски предизвици, и внимателно пласирани средства кон фирмите и граѓаните преку производи што одговараа на секој поединечен профил на клиент, согласно надворешните околности на стопанисување. Резултат на тоа е здравото портфолио на Банката и ниското ниво на нефункционални кредити за целиот период во услови на турбулентното окружување. Вкупните нето-кредити на крајот од 2016 година изнесуваа 381 мил. ЕУР, што значеше зголемување за повеќе од 4 пати за 5 години, споредено со 2011 година, од влезот на Халкбанк во Македонија.

Износот на нето-кредити на население порасна од 48,4 мил. ЕУР на 171,5 мил. ЕУР во насока на континуирано зголемување на потрошувачките и хипотекарните кредити како стабилна база за натамошен раст, додека, пак, износот на кредити дадени на компаниите порасна од 43,3 мил. ЕУР на 210 мил. ЕУР на крајот од 2016 година.

Стабилниот раст на Банката, проследен со здрави пласмани, зголемена доверба од граѓаните, изразен преку зголемен бројот на клиенти, трансакциски сметки, платежни картички, кредитни и депозитни производи, препознавањето на сите инвестиции на Банката што придонесоа за лесно, брзо и функционално работење на компаниите со Банката, неизбежно водеше и кон континуиран пораст на профитот.

На крајот од 2016 година, профитот изнесуваше 7,667 мил. ЕУР, што ја прави четврта банка во Република Македонија по основ на профитабилност и што дава простор за дополнителна идна капитализација и поддршка на стопанството и на граѓаните.

Со овој текст, тимот на Халкбанк АД Скопје сака да ја изрази својата благодарност до сите физички и правни лица, кои се клиенти на Банката, а со кои заедно, преку меѓусебна соработка, доверба и искрено работење, континуирано ја издигнуваме Банката меѓу највлијателните финансиски институции во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !