Просечната исплатена нето плата во јуни изнесува 20.651 денар и е за 2,2 проценти помала од месечната нето плата во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика..
Намалувањето, се должи на намалувањето на платата во секторите онформации и комуникации за 33,3 проценти, уметност, забава и рекреација за 9,9 проценти и административни и помошни услужни дејности за 7,3 отсто.
Во однос на мај, намалување на просечната исплатена нето-плата по вработен е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 5,3 отсто, градежништво за 4 отсто и уметност, забава и рекреација за 2,6 отсто.
Во јуни, 2,1 процент од вработените во државата не примиле плата.
1 comment
Да. Намалија од 9000 плата на 6000 ден. За да му дадат на оној 400 % плата докторон што зел на телевизија. Работата му била хоби рече и не му била тешка. И двајца други токмаци зад него мртво озбилно климаа со главите. Одобрувајќи.