2,4 милијади денари за субвенции за зголемување на платите, детали за аплицирањето в петок

Од:

Министерството за труд и социјална политика одвои 2,4 милијарди денари за субвенции за зголемување на платите од 600 до 6000 денари во приватните компании. Министерката за труд, Мила Царовска најави детали за аплицирањето в петок.

„Во петок е прес конференцијата на која што ќе бидат соопштени детали за оваа мерка. Законот помина минатата недела и беше објавен во Службен весник исто така и правилникот, Сега ќе извршуваат корекција на плати оние компании што се заинтересирани и за наредниот месец ќе аплицираат како нови оние кои што не направиле исплата со ноемвриската плата’, најави министерката Царовска.

Таа на денешната презентација на буџетот на Министерството за 2020 година објасни дека оваа за ставка со износ од 2,4 милијарди денари за следната година, трансферите се раздвојуваат, односно парит одат кон Пензискиот фонд, кон Фондот за здравство, и кон Агенцијата за вработување.

Би можело да ве интересира

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите

Синдикат на полицијата: Основната плата на полицаецот е 16.300 денари, бараме зголемување за 15 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100 отсто, а на полицајците за 35 отсто