Зорица Зафировска ја доби наградата „Денес“ за млад визуелен уметник

Од:

Центарот за современи уметности – Скопје и ФРУ – Факултет за работи што не се учат Битола/ Скопје соопштуваат дека годинешниот добитник на наградата за млад визуелен уметник ДЕНЕС 2016 е уметничката Зорица Зафировска од Скопје.

Наградата вклучува двомесечен престој во Њујорк во студијата на Residency Unlimited (RU) Inc. и покривање на сите трошоци за престојот на уметницата како и техничка, кураторска и административна поддршка на кариерата и запознавање на мрежа на уметници и куратори, сето тоа со финансиска поддршка на фондацијата Trust for Mutual Understanding од Њујорк.

Делото „Споменик на непостоечкото“ на Зорица Зафировска е меморијал на длабоката потреба да се остварат основните законски права и слободи на секоја индивидуа во македонското, но и во светското општество. Тоа е еден вид на протест и претставува своевидна борба и верба во социјалниот напредок, за подобар живот и иднина. Ова дело се обидува да ја реафирмира длабоката верба во слободата, правдата, мирот и меѓусебното разбирање и почитување на сите поединци во општеството.

Зорица Зафировска (1982, Скопје) дипломирала на УКИМ на Факултетот за ликовни уметности 2000/2005 год. во класата на Јован Шумковски и е студент на последипломски културни студии на Институтот „Евро Балкан“. Зад себе има 8 самојстојни изложби. Работи на уметнички истражувања во кругот на социјално-општествените тематики, научно-генетските достигнувања и конзумеризмот. Автор е на публикација која преку цртеж, стории и сведочења го опфаќа двегодишното истражување на феноменот на трговијата со луѓе на глобално ниво. За изработка на своите дела користи различни материјали и медиуми, кои се резултат на долготрајни иницијативи и искуства.
Зафировска беше избрана меѓу четворица финалистики: Драгана Заревска,
Маја Кировска и Ана Јовановска а од страна на жири комисија во состав: Ана Франговска, историчарка на уметност и кураторка (Македонија), Јованка Попова, историчарка на уметност и кураторка (Македонија), Александра Бубевска, новинарка (Македонија), Иван Ивановски, уметник (Македонија) и Мирослав Кариќ, историчар на уметност и куратор (Србија).

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ