Зоран Попоски изложува во Франција

Од:

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски изложува на водечкиот меѓународен саем за дигитална уметност и крипто колекции КАДАФ 2021 во Париз, Франција, во периодот од 17 јуни до 23 јуни 2021 година. На саемот Попоски ќе се претстави со избор од неговото поново уметничко творештво, составен од дигитални анимации и видео арт како и првите македонски НФТ уметнички дела.

Ова е второ издание на меѓународниот саем за дигитална уметност и крипто колекции КАДАФ. На саемот ќе бидат претставени 100 светски уметници активни во современите дигитални уметнички медиуми, како што се вештачка интелигенција, виртуелна реалност, генеративна уметност, видео арт, НФТ уметност, и др. Покрај изложбите, КАДАФ 2021 ќе вклучува предавања, дебати и проекции.

НФТ претставуваат новост во дигиталната уметност. Неодаменешната продажба во март 2021 на едно НФТ дело преку аукциската куќа Кристис за речиси 70 милиони долари придонесе за брза популаризација на НФТ уметноста. НФТ се дигитален токен кој содржи двојна вредност: како форма на криптовалута и како форма на уметност или култура.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“