Зоран Попоски изложува на најголемиот европски фестивал за дигитална уметност

Од:

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски учествува на водечкиот европски фестивал за елекктронски и дигитални уметности Арс Електроника во Линц, Австрија, во периодот од 8 до 12 септември 2021 година.

Мото на фестивалот е “Нов дигитален договор“ и потребата да се преиспитаат основите на дигиталниот свет. Фестивалот ќе се одвива во Линц и 86 „Електронски градини“ ширум светот, како и преку интернет. Фестивалот вклучува изложби, концерти, академски конференции, работилници и други активности од областа на современата уметност, технологија и општество.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“